|
||||
Реакција на ОМД за иницијативата Жан Моне |
Реакција на ОМД за иницијативата Жан Моне Во врска со посетата на известувачот за Македонија, европратеникот Иво Вајгл, Обединета Македонска Дијаспора како најголема организација на Македонците надвор од Македонија се чувствува одговорна јавно да го праша почитуваниот гостин при посетата на Македонија, јавно да се произнесе на што се базира легитимитетот за иницијативи за нетранспарентни меѓупартиски преговори и разговори во Париз, во куќата на Жан Моне. Притоа прашуваме што содржат тие разговори и зошто тие разговори да не се одржат во куќата на Блаже Конески во Небрегово, или пак во куќата на браќата Миладиновци во Струга без меѓународни посредници почитувајќи ја сувереноста на Македонија.
Ве потсетуваме Г-не Вајгл дека единствено вашата матична држава Словенија како и Македонија пред 28 години беа според Бадинетровата комисија единствени држави кои имаа легитимитет за сувереност и отцепување од Југославија. За разлика од Словенија, Македонија е директен заложник на непринципиелна политика на ЕУ сите овие години. Одговорноста за моменталната состојбата во Македонија не е само намакедонските политички партии во изминативе години, туку и од целосно недемократска и дволична политика на Европската Унија кон Македонија, посебно од Европската Комисија и Европскиот Совет, институции кои штитејќи ги шовинистичките интереси на една ваша земја членка, и покрај тоа што има пресуда и осуда од меѓународен суд, како и преку нетранспарентни политички договори во Пржино под покровителство на ЕУ, ја оневозможија Македонија да го обезбеди заслуженото место во Европското семејство. Ве повикуваме во име на демократијата и вистинските Европски вредности наместо да се залагате за нетранспарентни и тајни преговори меѓу политичките партии далеку од јавноста во Македонија, да се заложите за афирмација на Македонската држава, народ, јазик и култура во институциите на ЕУ, и овозможување на Македонија да ги започне преговорите за влез во ЕУ. Оркестрирана демократија води кон тотален хаос и неспокој, застапувајќи ги вистинските европски вредности заложете се Македонскиот народ и сите останати етникуми во Македонија самостојно да си го најдат и изградат патот кон европското семејство. Тоа можете да го постигнете само со немешање во сувереноста и внатрешните работи на Македонија и со спротиставување на шовистичката политика на некои соседни земји кон Македонија. |