|
||||
Груевски е претседател на ВМРО-ДПМНЕ и останува да биде |
ВМРО-ДПМНЕ: Груевски е претседател на ВМРО-ДПМНЕ и останува да бидеОд ВМРО-ДПМНЕ излегоа со демант на текст напишан од страна на Цивил. Од партијата информираат дека Груевски е Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и останува на оваа функција согласно доверениот мандат. -Понатамошни и идни чекори на партијата ќе бидат превземени по направените анализи на резултатите на последните избори. Тие чекори ќе бидат во насока на интересите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, нејзините членови, доброто на граѓаните и интересот на Македонија, се вели во соопштението на партијата. Од партијата велат дека најголемото зло во оваа држава останува да биде хунтата на власт која ја носи државата во економската бездна и сиромаштија. -Се друго преставува дефокусирање од вистинските теми во државата како што е погазувањето на државните интереси во секој поглед, повисоките даноци, криминалот, стагнацијата на сите проекти, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Курир |