|
||||
КРАЈ НА РАЗГОВОРИТЕ ЗА ДРЖАВНОТО ИМЕ МАКЕДОНИЈА! |
БЕЗУСЛОВНА ОСТАВКА НА НИМИЦ И КРАЈ НА РАЗГОВОРИТЕ ЗА ДРЖАВНОТО ИМЕ МАКЕДОНИЈА! 15 ноември 2017 година, Њујорк, САД - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) бара безусловна оставка на посредникот на Обединетите Нации во разговорите за државното име Македонија со Владата во Атина, Метју Нимиц и апелира тој да не излегува со конкретен предлог за име на државата Македонија, затоа што проектира злосторство против човештвото и геноцид врз Македонскиот народ! СМК ги отфрла обвинувањата на Владата во Атина за иредентизам на Македонија кон Грција! СМК истовремено го отфрла барањето на Владата во Атина за отстранување на спомениците од проектот Скопје 2014, како антицивилизациски и спротивно на политиката на добрососедство. И покрај се’ и после се’, Македонците макар и еднострано декларираат дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната гео-политика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации! СМК потсетува дека барањата на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија за враќање на граѓанските, имотните и наследните права и правото на државјанство не претставува иредентизам кон родните огништа! СМК ја обвинува токму Атина за територијални претензии кон Република Македонија, поради агресијата за монопол врз културата и историјата на Македонија после грчката окупација врз Егејскиот дел на Македонија и грчкиот геноцид врз Македонскиот народ од времето на Првата и Втората Балканска војна, Првата и Втората Светска војна и Граѓанската војна во Грција! СМК и натаму бара безусловен крај на разговорите за името на државата и продолжување на членството во Обединетите Нации со Резолуција до Генералното собрание, под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка Република како јасна разлика од истоимената северна провинција на Грција и југо-западна провинција на Бугарија, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (The Republika Makedonija) туку на англиски јазик (The Republic of Macedonia) со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки - окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година до денес. Македонците отфрлаат пристапување на Македонија во ЕУ и НАТО поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата и идентитетот на нацијата и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредности за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија! ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС |