|
||||
Илона Захариева: Кој тоа ве лаже дека патриотизмот е мртов и е демоде? |
Драги мои сограѓани Кој тоа ве лаже дека патриотизмот е мртов и е демоде? Ќе ви кажам најсвеж, европски пример: Ќе ви зборувам за Канели, гратче од околу 11.000 жители, каде што живеам заедно со над иљада други македонци, околу сто и педесетина мароканци, педесетина албанци итн. односно над 2.500 странци од замислете 63 националности од кои триесетина од нив се застапени со помалку од пет жители,но сепак се тука. Имено, во саботата беше пушена во употреба нова градинка. Видни гости од светот на политиката, организации, родителите на децата, односно, една убава церемонија. Дечињата, вклучувајќи ги и нашите, македонските, ја испеаја италијанската химна, една традиционална пиемонтејска песна и еден танц, кој впрочем го играше девојче од Мароко. Политичарите си позборуваа за пиемонтејските корени на овие деца и покрај тоа што над 50% од децата се странци... Ако тоа не е патриотизам... Истите тие деца кои беа на фудбалскиот натпрева Италија: Македонија, вклучително и мојот внук Марио кој навиваше Македонија, Македонија и кој сега со ист жар ја пееше италијанската химна. Никогаш нема да се борам да зборувам македонски во институција овде бидејќи со тоа нема да им го подобрам животот на моите сограѓани, но би била среќна кога нашите луѓе би се вклопиле подобро во системот. Со здружението КАМЕН МОСТ се трудиме да им укажеме на нашите луѓе колку е важно правилно да го употребуваат и добро да го научат италијанскиот јазик за да можат да напредуваат во работата. На барање на градинките организиравме курс по македонски јазик за основни потреби за воспитувачките бидејќи кога децата ќе тргнат во градинка се уште не го владеат италијанскиот јазик од причина што дома скоро сите зборуваме македонски. На сите случувања во здружението редовно покануваме функционери, а и редовно сме поканети на сите настани и манифестации. Дали, драги мои македонци, албанци, турци, роми, власи, срби, разбирате што сакам да ви кажам? Патриотизмот не е мртов. Патриотизам е возвишено чувство и затоа не е својсвен за секого. Патриотизам е кога работиш за доброто на својот народ, кога го сакаш својот народ. Која е поентата? Ние сите мораме да го сакаме и помагаме својот род, своите браќа по националност и никој нема да ни замери за тоа, се додека не е на штета на повисоките, на државните интереси. Никој не ми брани да ја сакам мојата Македонија (освен некои неопределени суштества), а јас за возврат треба да се однесувувам и да ги уживам правата, но и да ги почитувам обврските во мојата втора татковина. Јас и сите оние како мене, а не има многу, знаеме како да ги живееме европските вредности, не вие, драги мои сограѓани во Македонија, па колку тоа и остро да ви звучи. Со почит Илона Захариева |