|
||||
МАКЕДОНСКАТА ПАРТИЈА ВО АЛБАНИЈА БАРА ИТНА ЛЕКАРСКА НЕГА ЗА ЕДМОНД ТЕМЕЛКО |
МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО АЛБАНИЈА МАКЕДОНСКАТА ПАРТИЈА ВО АЛБАНИЈА БАРА ИТНА ЛЕКАРСКА НЕГА ЗА ЕДМОНД ТЕМЕЛКО 23 ноември 2017 година, Тирана, Албанија - Македонската партија во Албанија - Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) укажува дека Едмонд Темелко кој е во Истражниот затвор “Скопје“, се наоѓа во крајно сериозна здравствена состојба. МАЕИ истакнува дека од роднините на Едмонд Темелко се информирани дека не му е дозволено да користи здравствена заштита што е спротивно на сите универзални права. Иако до Судот биле доставени и соодветни лекарски докази, Судот одбива да му овозможи користење на потребната здравствена нега. МАЕИ апелира до македонските институции итно да ги преземат сите потребни чекори да се надмине оваа ситуација и да овозможат лекарска нега за Едмонд Темелко, пред да биде предоцна. МАЕИ го смета држењето во притвор на Едмонд Темелко во крајно сериозна здравствена состојба за злосторство кој не и’ служи на честа на Македонија и претставува навреда за сите Македонци во Република Албанија кои бараат запирање на политичкиот прогон против Едмонд Темелко. МАЕИ бара политичките сили во Република Македонија да покажат повеќе национална одговорност. |