|
||||
ПОМИЛУВАЊЕ НА ОСУДЕНИТЕ И ПОВЛЕКУВАЊЕ НА СИТЕ ТУЖБИ И ПРЕКИН НА СИТЕ ИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА |
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС ПОМИЛУВАЊЕ НА ОСУДЕНИТЕ И ПОВЛЕКУВАЊЕ НА СИТЕ ТУЖБИ И ПРЕКИН НА СИТЕ ИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ВО ВРСКА СО НАСТАНИТЕ ОД 27 АПРИЛ ЗАРАДИ СЕМАКЕДОНСКО ПОМИРУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ! 29 ноември 2017 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) бара донесување на Закон за помилување на инволвираните во настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, по итна постапка, имајќи го предвид нивниот патриотизам за заштита на суверенитетот и интегритетот на државноста. Знаејќи дека претходно Собранието со закон ги амнестира терористите од војната во 2001 година, неприфатливо е учесниците во движењето “За заедничка Македонија“ да бидат притворани и судени по барање на Основното јавно обвинителство за кривично дело “терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. СМК бара јавното обвинителство да ги повлече сите тужби и да ги прекине сите истражни дејствија по службеност, а поради еднаквоста на сите пред Уставот и законите и семакедонско помирување и обединување. СМК по правило го осудува секое физичко и политичко насилство во државата, но смета дека народот и граѓаните имаа право на самоодбрана на законодавниот дом од узурпација на власта, откако шеесет дена од февруари до 27 април годинава, никој не посвети внимание на мирните протести и барањата од движењето “За заедничка Македонија“ во Републиката и меѓу Македонците во светот, посебно после прокламацијата на Талат Џафери за "претседател" на Собранието спроти 16-годишнината од масакрот на терористи на ОНА врз осум припадници на Вооружените сили на Македонија кај Вејце на 28 април 2001 година чиј командант беше Талат Џафери и пеењето на државната химна на Република Албанија од собраниската говорница. СМК повикува на семакедонско помирување и обединување за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата. СМК го осудува политичкиот реваншизам и демонстрацијата на сила од позиции на власт, што генерира тензии и врши поларизација во општеството. |