|
||||
НАЈГОЛЕМА КОРУПЦИЈА Е ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА НАЦИЈАТА! |
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС НАЈГОЛЕМА КОРУПЦИЈА Е ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА НАЦИЈАТА! 9 декември 2017 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) на меѓународниот ден за борба против корупцијата ги потсетува Претседателот на Републиката, Собранието и Владата дека најголема корупција е промената на името на државата и идентитетот на нацијата еднакво на најтешко кривично дело велепредавство, флагрантно кршење на Уставот и на меѓународното право, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото! СМК бара претседателот на Републиката да достави нота до генералниот секретар на Обединетите Нации за безусловен крај на разговорите за разликата за името со Владата во Атина и со Резолуција да го извести Генералното Собрание за продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име кое што се состои само од еден единствен збор - зборот МАКЕДОНИЈА, со можност за употреба на уставната додавка “Република“, како јасна разлика од истоимената северна провинција на Грција и југо-западна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (The Republika Makedonija), туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки: окупацијата врз Македонија од Балканските војни 1912-1913 година и геноцидот врз Македонскиот народ кој трае до денес! |