Среда, 13 Декември 2017    PDF Печати Е-пошта
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат во работата на Собранието

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат во работата на Собранието

alt

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска потврдија дека нема да учествуваат во парламентарните тела и заседанија посочувајќи дека во ситуација кога шестмина нивни колеги се во притвор нема соодветни услови за тие да партиципираат во работата на Собранието.

– Во моментов СДСМ е владејачко мнозинство и тие имаат должност да ги обезбедат сите услови за непречено функционирање на Парламентот. Сметам дека во овој момент кога 12 отсто од нашата пратеничка група односно шест пратеници се во притвор нема соодветни услови за ние соодветно да партиципираме во работата на Парламентот, изјави денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојлоски одговарајќи на прашање дали ќе учествуваат на утрешната расправа за законот за јазици за кој имаат поднесено осумдесетина амандмани.

Манојловски кажа дека според нивните неофицијални информации пратеникот Крсто Мукоски, кој е во притвор, веќе една недела штрајкува со глад и неговата состојба не е добра и оти за ова и за кршењето на човековите права на лицата засегнати во настаните од 27 април ги информирале претставниците на меѓународната заедница со кои имале средба деновиве.

– Денеска имавме средба со политичкиот претставник за правни работи на ОБСЕ, Џеф Били каде што директно го запознавме и му укажавме за нашите забелешки околу кршењето на човековите права на сите лица кои што се засегнати и обвинети околу настаните за 27-ми април, рече Манојловски.

Ги пренеле и забелешките околу кршењето на правните процедури и кршењето на полициската процедура при приведувањето на пратениците без претходно да биде соодветно правно постапено, односно не е свикана седница и не е одземен нивниот имунитет согласно Деловникот на Собранието.

Манојлоски повторно ја обвини СДСМ за како што кажа класичен политички реваншизам, демонстрирање на сила и силување на институциите.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.