Среда, 20 Декември 2017    PDF Печати Е-пошта
Најнеправеден акт во историјата на народите

Белградска „Политика“ од 26 ноември 1913 година

„Знам само за две светски трагедии – ирската и македонската. Тоа се две окрвавени огништа, два измачени народа“

Поделбата на Македонија во 1913 година и распарчувањето на македонскиот народ меѓу Србија, Бугарија и Грција, браќа по крв и вера, претставува најнеправеден акт во историјата на народите, газење на правата на човекот, срам за славјанството, но и срам за светот. Трагичната судбина која ја доживува македонскиот народ за време на Балканските војни силно го бранува светот и прогресивните елементи во Европа. Истакнатиот ирски општественик и борец за слобода на својот народ Казимет, кој за време на Првата Светска Војна бил уапсен и осуден од Англичаните, пред да биде обесен ќе извикне: „Знам само за две светски трагедии – ирската и македонската. Тоа се две окрвавени огништа, два измачени народа.“

Сите факти недвосмислено потврдуваат дека Балканските војни се воделе за поделба на Македонија. Уште при подготовките за Првата балканска војна, со Српско-бугарската спогодба од 13 март 1912 година, границата на поделба се поставува по линијата Деве Баир – Охрид. Втората поделба била по завршувањето на Првата балканска војна, во која границите се поклопувале со извршените освојувања и линијата на фронтот. Третата поделба, со која биле одредени границите меѓу Србија, Бугарија, Грција и Албанија, била извршена со Букурешкиот мировен договор од 10 август 1913 година.

Со Договорот била разбиена геополитичката, етничката и економската целина на македонскиот народ. При оваа поделба било раскинато македонското национално ткиво и никој од сојузниците не го поддржал стремежот на македонскиот народ. Единствениот принцип врз кој се одредувале и поставувале границите било правото на посилниот, односно оружјето.

Меѓутоа, Букурешкиот договор не ги решил стремежите на околните балкански земји, но и на големите сили. Бројните неправилности, недоречености и нелогичности во поделбата на териториите, предизвикал реакција на Австро-Унгарија, Русија и Бугарија кои барале ревизија веднаш по потпишувањето на Мировниот договор. Иако Русија се повлекува од ова барање, Франција продолжува да се спротивставува на барањата на Австро-Унгарија и Бугарија. Всушност, Букурешкиот договор е единствениот меѓународен договор кој не ги задоволувал подеднакво интересите на големите сили и кој не е потпишан од сите големи сили.

Тоа ќе доведе до нови комбинаторики меѓу заинтересираните страни. Во пресрет на Првата Светска Војна нивните погледи повторно се свртени кон Солун и излезот на Егејско Море, а Бугарија прави обиди за создавање нов балкански блок.

Белградска „Политика“ од 26 ноември 1913 година, во статијата „Бугарски комбинации“ го пренесува пишувањето на софискиот весник кој ја повикува Србија за нов сојуз, на штета на Грција. Во ова статија во која повторно на површина излегуваат конбинации кои се на штета на македонскиот народ, меѓу другото се вели:

„Во завчерашниот софиски „Мир“ објавена е поширока статија „Србија и Бугарија“ во која се пласира за нов сојуз меѓу Србија и Бугарија - на штета на Грција.

Во органот на народната партија се вели дека Бугарија се наоѓа во тешка ситуација и дека сама не може да опстане. Мора да бара сојузници. Албанија е со неа, но тоа не доволно. И тогаш останува Србија и Грција. Логично е да побара врска со онаа земја која е појака, како Србија. Ваквото приближување е природно, зошто Србија и Бугарија имаат заеднички интереси против Грција и поради тоа што Србија не може да живее без море, а беломорскиот брег може најбргу да го добие.

Меѓутоа за да се согласи на нов сојуз со Србија, Бугарија поставува како услов: официјално да се признае бугарската народност во Македонија и да воспостави бугарска црковно-училишна автономија. Во тој случај, српско-бугарскиот сојуз би можел да смета на Албанија и евентуално на Турција, а би имал неутралност или можеби протекторат на Русија и Австрија во секоја акција.

Што се однесува на српско-грчкиот сојуз во „Мир“ се вели: „Воопшто српско-грчкиот сојуз не и` навестува на Србија нешто друго освен судбоносен потрес. Дека се работи за против славјански сојуз не треба ни да се зборува. Кај таква коалиција не може да се зборува за славјанско единство. Можеби финалето на српско-бугарската расправа да биде пропаст на сите југословенски народи под бранот на германската стихија. И можеби правилно е сфаќањето на професорот на Данаилов дека причина за жалната судбина на Бугарија е акцијата на германизамот под чие влијание несвесно стои и Русија.

До Втората балканска меѓусојузничка војна, славјанството имаше една тешка рана, а тоа е полското прашање. После војната тоа доби уште едно потешко прашање, а тоа е македонското прашање. Да се залечи оваа само славјанска рана, зависи само од Србите. Ако имаат и малку проникливост, тие ќе го направат тоа.

За да го постигнат својат животен интерес, излез на Бело Море, Србија мора неопходно да има согласност од Бугарија. А да се добие таа согласност, неопходно е потребно пред тоа да се залечи македонската рана.

Ние не бараме за своите македонски сонародници ништо друго освен гаранција за нивните нацинални и политички права.

Нека во Белград бидат уверени дека бугарското население, кога би можело да се користи со повластена национална, политчка и економска слобода, не само да нема да чувствува незадоволство од српската влада, туку ќе стане верно на српската династија и на тој начин ќе биде камен темелник кој ќе ги врзува Бугарија и Србија на заедничката работа.

„Мир“ дури ја дава и желбата на тој иден балкански сојуз: 1. Србија и` ги остапува на Бугарија областите до Вардар и од Грција територијата до Орфанскиот залив и реката Вардар под Гуменџе; 2. Србија се дистанцира од беломорските острови кои би ги окупирала бугарската флота; 3. Солун станува заеднички сојузен српско-бугарски имот; 4. Србија ја завзема од Грција вардарската област од Костур до Беломорскиот брег и 5. Албанија го завзема  Епир и брегот на Јонското Море.

„Мир“ завршува: „Ние не настојуваме баш на оваа желба за сојуз. Целта на нашата статија е да го наведем читателот да мисли дека во принцип постојат можности за зближување меѓу Бугарија и Србија“.

Бескрајните подмолни игри на незадоволните и алчни соседи кои се гледаат и во самиот текст, продолжуваат со несмалена жестина штетно да делуваат врз македонскиот народ. Тие ги изложуваат Македонците на засилена асимилација, а Македонија од централна земја на Балканот ја претварија во периферија и провинција на балканските земји.

Трагичната судбина која ја доживува македонскиот народ за време на Балканските војни силно го бранува светот и прогресивните елементи во Европа. Почетокот на Првата Светска Војна повторно го актуализира македонското прашање, а големите сили го користат за привлекување во својот блок на што поголем број на балканските земји.

Истакнатиот ирски општественик и борец за слобода на својот народ Казимет, кој за време на Првата Светска Војна бил уапсен и осуден од Англичаните, пред да биде обесен ќе извикне: „Знам само за две светски трагедии – ирската и македонската. Тоа се две окрвавени огништа, два измачени народа“.

politika-1913-1

politika-1913-2

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.