|
||||
СКОТОМА |
Јасмина Ѓоргиевска Во медицинска смисла, Скотома е израз кој означува црна дамка во видното поле односно неможност да се гледа потполно јасно. Во психолошка смисла Скотома е одбрамбен механизам на егото да се соочи со непријатни ситуации и содржини или поточно ,,окото го гледа она што – сака,, значи она што Вие го гледате не значи дека и другите го гледаат бидејќи ние живееме во паралени светови на перцепција кои се ограничени од нашиот капацитет, интереси, култура, искуства, знаење. Во секој момент, твоите очи и мозок имаат процесорска моќ да гледаат многу мал дел од околината бидејќи Вашиот мозок брзо го идентификува она што смета дека дека е најзначајно а се друго останува невидено, оттука за жал Нашето селективно слепило може да биде смртоносно за живиот свет бидејќи мракот на она што не го гледаме а со кој живееме гарантира дека незнаеме што имаме дури и кога постои, со тоа ерозијата на екстремно осиморашување продолжува. Сиромашно е кога не си во можност да го согледаш туѓото чувство и потреби различен став, мислење и да си дозволиш доколу си во позиција дури и да го лишиш од слобода. Извонредните интелегенции на поединци кои се третираат како ништо друго освен бунтовници, непослушници, непримерни поединци сега се наоѓаат во притвор но тоа не значи дека истите ќе прекинат со својата човечка активност бидејќи кај креативните луѓе тоа е невозможно. Најпримитивната и наједноставната форма на казна за да замолчите човек со изразена самосвест е да го лишите од физичка слобода. Верувам дека кај вистинскиот интелектуалец овој чин делува продуктивно, мотивирачки и прогресивно во креативна смисла, Вака размислува уметникот, има желба да се изрази без разлика на условите за живот бидејќи е свесен дека делото останува со своето значење и натамошно повеќекратно влијание. |