Среда, 27 Декември 2017    PDF Печати Е-пошта
На нашите луѓе им говореа да станат Грци

politika

Веднаш по Мировниот договор во Букурешт 1913 година, кога беше санкционирана поделбата на Македонија, Грција на територијата која и` припадна, започна засилена асимилација и прогон на славјанското население од Егејскиот дел на Македонија. Тоа предизвикува изненадување и реакција кај српската јавност, која не може да го разбере однесувањето на своите грчки сојузници од двете Балкански војни кон Славјаните (Македонците) кои се нашле затечени од двете страни на вештачката граница, формирана со силата на оружјето.

Дописникот на белградска „Политика“ од Солун М.Ч, во писмото датирано од 18 ноември 1913 година, а кое е објавено во продолжение на 21 и 22 истиот месец во белградското списание, изнесува низа докази за тортурата, прогон и принудна асимилација која грчките власти ја вршат врз „славјанскиот елемент“ (читај Македонците), кој поради својата работа или место на живеење станале грчки или српски поданици.

Во вториот дел од текстот „Да не се лажеме!“, објавено на 22 ноември 1913 година, српскиот дописник од Солун, кој меѓу другото се осврнува на неразбирливото држење на Грците према Србија, за теророт извршен врз македонскиот народ ги изнесува следните факти:

Пред почетокот на војната до Бугарија, грчките власти по список ги собраа сите Славјани кои се затекнаа и случајно на нивната територија и под изговор дека се „комити“ ги испратија во прогонство на Халкида, на островот Трикирија (?) во Наупли и на други места

Сведоците и учесници на оваа несреќна хајка на Славјаните раскажуваат ужасни работи, мачење, глад, секакво малтретирање. Нашите поданици се апсени и тогаш кога имаа наши патни исправи, секогаш под изговор, дека тие несреќни луѓе се опасни по мирот во државата како „бугарски комити“ и дека ние не ги познаваме доволно лицата кои добиваат наши патни исправи.

Не еднаш се случило грчките власти да ги задржат од пат и да ги испратат во прогон печалбарите (како оние од Охрид и Ресен) кои доаѓаа од Америка каде биле три или повеќе години, па откако со тешка мака заработиле некоја пара се враќаа во својата „слободна татковина“. Тие луѓе имаа исправи издадени од нашето Министерство за надворешни работи. Без обзир на сето тоа, Грците ги задржуваа во Солун им ги земаа парите (само од петнасеттмина преку 2000 наполеони) и други работи и како „комити“ ги испраќаа во Трикирија (?).

Покрај ваквото брутално однесување према нашите нови сограѓани, Грците не се стеснуваа да им создаваат проблеми и на нашите граѓани од старите граници, без разлика дали тие одеа по работа во Солун или само на поминување за Битола. Многумина од нив, жалејќи се на грчкото однесување, говорат дека насекаде ќе раскажуваат да не се патува за Битола преку Солун, бидејќи грчките власти и покрај исправните документи, се однесуваат према нив како према разбојници“.

Српскиот дописник од Солун покрај изнесувањето на факти за прогонот кој го прават Грците врз „славјанскиот“ народ, во овој дел индиректно потврдува дека прогонетите не се ниту Бугари ниту Срби. Следејќи ја српската политика која како грчката води асимилаторска политика, тој го избегнува зборот Македонци. Но, додека за прогонетите славјани тој пишува дека Грците ги нарекуваат „бугарски комити“, самиот тој наместо Срби ги нарекува нашите нови сограѓани кои имаат српско поданство. Во продолжение тој тоа го потврдува со големославјанската агитација, но, она што е поважно тој ги изнесува фактите за грчките притисоци врз славјаните да станат грчки поданици. За овој притисок тој ќе забележи:

„Иако со закаснување, за фалење е инцијативата на Србија да се заложи кај грчката влада за ослободување на уапсените, која поволно влијаеше кај нашите нови граѓани. Меѓутоа, колку повеќе овие маченици за својот спас изразуваа благодарност на Србија,  дотолу повеќе Грците станува незадоволни. Во заштитата која Србија им ја даваше на своите поданици, Грција гледаше некаква големославјанска агитација и правеа огромни напори неа да ја парализираат.

На нашите луѓе им говореа да станат грчки поданици – Грци, често им се закануваа, а против некои преземаа и репресивни мерки. На останатите им правеа разни проблеми и им создаваа такви тешкотии за да им докажат дека Србија не е толку јака за да ги заштити, а со тоа непосредно одеа на рушење на нашиот државен авторитет кај нашите нови граѓани. Прашањето за ослободување на нашите поданици, кое се` уште не е завршено, им предизвикува многу потешкотии на нашите претставници тука, особено поради непостоење на желба и недоволната искреност на Грците при неговата расправа“.

Изнесувајќи го фактот за репресивните мерки кои ги превземаа грчките власти врз Македонците за да станат грчки поданици, современикот на овие настани, српскиот дописник од Солун говори и за неискреноста и непријателскиот став на Грција кон својот сојузник Србија. Говорејќи за шовинизмот на Грците авторот на текстот вели:

Шовинистичките елементи во Грција ги зафаќаат сите званични кругови. Не ми е познато дали Владата на Венизелос може да се дистанцира од ова штетно влијание на луѓе кои не знаат за границата на можното и не можното, коректно и некоректно, и кои своите убави соништа ги идентификуваат со стварноста. Тие тргнаа по патот надоле, што може да биде фатално по нив самите. Ситните интереси, ситните интриги, исклучивоста, наметливоста, не можат да одат паралелно со политичката толеранција која пред се` е така потребна во односите према пријателот и сојузникот.

Реков дека сум за пријателство со Грција, меѓутоа за пријателство без горе наведените дефекти, за пријателство широко и толерантно. Нашите владеачки кругови не смеат да заборават дека во еден балкански сојуз треба да и` обезбедат на Србија, ако не суперирно место, барем рамноправно место со останатите членови на сојузот. Секоја врста на потчинетост означува и слабост.

Нашата толеранција треба да ја има и грчката толеранција, зошто без тоа ние се претставуваме како потчинети, а тоа им штети на идните односи. Нашата влада треба да превземе нешто, за да ги убеди своите сојузници дека и таа треба да води сметка за своето достоинство на земјата која ја претставува, за своите животни интереси, за својот авторитет. Инаку доколку допуштиме да не шиканираат Грците, тогаш ќе покажеме дека сме невнимателни и не сме политичари“ – пишува солунскиот дописник на белградска „Политика“ во 1913 година.

Сто години потоа, грчката политика кон македонското прашање, кон своите соседи и кон своите сојузници, не се изменила ниту малку. Шовинизмот во Грција никогаш не згаснал и во последните две децении зема се поголем замав, а фашизмот се вгнездува во секоја пора од грчкото општетсво. Грците се` уште се обидуваат да ги уништат Македонците, а како што се однесувале пред сто години во Балканскиот сојуз, така надмено се однесуваат во ЕУ и НАТО.

Сметајќи се за доминантен народ кој треба да владее со другите, Грција како со Србија пред сто години, така и денес се подигрува со останатите земји членки на ЕУ и НАТО, наметнивајќи ја својата волја. Таа ја користи Унијата како инструмент за да ги спроведе своите стратегии, запоставувајќи ги притоа интересите на своите сојузници. Додека сојузниците им ги плаќаат сметките на Грците, Грција со потсмев гледа како земјите членки на ЕУ неможат да го решат македонското прашање и како самите си го рушат сопствениот кредибилитет.

Оттука, како што вели тогашниот српски дописник „Да не се лажеме“! Се додека Грција постои во ваков облик, Македонија не може да очекува влез во ЕУ и НАТО. Ситните интереси на Грција, нејзините интриги, исклучивоста, наметливоста, не можат да одат рака под рака со политичката толеранција која пред се` е така потребна во односите меѓу двата соседа, потоа на односите на соседите во регионот, како и во самата Унија. Но, тоа и тоа како треба да ја загрижи Европа, зошто Грција со такво однесување може да ја врати Европа во времето на Балканските и Првата Светска Војна, време кога дијалогот престана, а говореа топовите.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.