|
||||
Амнестија на уставобранителите |
ВМРО-ДПМНЕ ПОДГОТВИ ЗАКОН ЗА АМНЕСТИЈА: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат закон за амнестија на уставобранителите! Сега сме сведоци на политичка осветољубивост од невидени размери, и кон тие кои тепале со давање на несоодветни квалификации за тероризам или обид за убиство, и кон тие кои никого не повредиле. Основната цел на оваа операција, и на дејствувањето на СЈО, на ОЈО и полицијата е слабеење на ВМРО-ДПМНЕ и негово силно ослабнување, а со тоа и намалување на влијанието на партијата. Крајната цел, всушност е разбивање, поделба или силно ослабанување на ВМРО со цел кршење на националниот дух на Македонците и намалување на национлниот елемент и заштита во политичкиот живот во Македонија. Создавање држава на граѓани, а не на македонски народ и на делови од други народи како што стои во Уставот. Тоа ќе значи постепено исчезнување на македонската нација, бидејќи Македонците како нација немаат втора држава. Затоа овие напади и хајки, политичко судски прогони, кои досега се против над 170 луѓе, и веројатно ќе расте, според информациите, на над 250 треба да се сфати многу сериозно, а не како проблем на индивидуалци – рече Никола Груевски, сега веќе почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот Конгрес на партијата на кој се избира негов наследник. Тој нагласи дека е потребно е национално помирување. |