Вторник, 26 Декември 2017    PDF Печати Е-пошта
ДРАГАН БОГДАНОВСКИ БИ СЕ ГОРДЕЕЛ СО ИЗБОРОТ НА ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ЗА ПРЕДСЕДАТЕЛ НА ВМРО ДПМНЕ

Hristijan

Христијан Мицкоски, новиот председател на ВМРО ДПМНЕ ќе биде иден Премиер на Македонија

Самиот избор како и секогаш во Македонија е пропратен со " јасновидци, генијалци и најпаметни" сеирџии кои колку и да грешат, ќе речат - што ти реков, знаев, ама кој да ме слуша ...

Зошто Христиан Мицкоски беше фаворит и сите други во сенка? Дајте со оладени глави да размислуваме, не со однапред замислени предрасуди.

Христијан е пред се толку наобразован и навистина народски кажано, боли глава.

Толку едукација, научни трудови и дипломи немаат сите председатели на сите земји од Г7 до Г20 заедно со нивните секретари или секратарки, сеедно.

Познат е по барање дисциплина и тоа мене лично, не знам колку вас, многу ме радува. Исто така бара секој еден што има било каква убава и добра идеја за Македонија или економијата, спремен е на секој добронамерен да му подаде рака и да го вклучи во неговиот тим.

Гледајќи го интервјуто со него, заклучив дека се работи да образован,културен и достоен политичар кој ќе биде пример надалеку.

Има и неверни Томи кои сметаат дека е "човек" на Бејли па наводно ќе "тргувал" со името и бла, бла, бла ...

Почитувани Македонци, уште Христијан не седна да се одмори а му предскажавте се што ќе прави и направи.

Па ајде кажете кога се знаете, кога ќе ме тресне лото или кога козата на комшијата ќе му умре?

Зошто бре не отидете на Кале и таму ете влезете и борете се со Бејли, мислам на културен и цивилизиран начин, со докази, реноме и репутација. Доколку не знаете како,што и зошто ... оставете Христијан со ВМРО ДПМНЕ да се борат како тие мислат и милуваат. Да му дадеме шанса да работи и тој ќе сработи за сите нас.

ВМРО ДПМНЕ беше основа создадена за браник на Македонија од Драган Богдановски како дисидент од дијаспората.

Со Никола Груевски и неговите корени од беломорскиот дел на Македонија па во моментов со Христиан Мицкоски, немаме избор да критикуваме и изиграваме Нострадамуси, туку напротив, да удриме сите заедно посилно против хунтата.

Исто верувам во Мане Јаковлески, кој заедно со Драган Богдановски во Берлин ја донесоа одлуката за основање на ВМРО ДПМНЕ и беше на Конгресот до Христијан Мицкоски. За мене е тоа добар знак.

Едно знам и сигурен сум - ДРАГАН БОГДАНОВСКИ БИ СЕ ГОРДЕЕЛ СО ИЗБОРОТ НА ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ЗА ПРЕДСЕДАТЕЛ НА ВМРО ДПМНЕ.

Да бидеме здрави и живи и да паметите кој што рекол и направил за Македонија.

Христијан Мицковски, со среќа нека ти е председателството и само напред, со Божја помош за спас на Македонија !!!

АМИН!

DzeposkiАлександар Џеповски-Австралија

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.