СО БОЖЈИ БЛАГОСЛОВ НЕКА Е СРЕЌНА И БЕРИЌЕТНА НОВАТА 2023 ГОДИНА И НЕКА СЕ ВЕСЕЛИ БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ КОИ НИ ПРЕТСТОЈАТ.
Браќа и сестри Македонци, каде и да сте, СРЕЌНА НОВА 2023 г. ВЕСЕЛИ БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ!
СО БОЖЈИ БЛАГОСЛОВ НЕКА Е СРЕЌНА И БЕРИЌЕТНА НОВАТА 2023 ГОДИНА И НЕКА СЕ ВЕСЕЛИ БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ КОИ НИ ПРЕТСТОЈАТ.
Во новата година да си посакаме за нашата Македонија да има среќа. Во Новата 2023 година да посакаме да се постигне Семакедонско единство, во име на оваа и сите идни генерации, во име на оваа наша Македонија. Македонската историја е преполна со примери за предавства и за крвави братоубиствени пресметки – време е сето тоа да престане. Македонците се дадени од Бога за да сакаат и да даваат, ние сме доброчуден народ и гостопримлив, ние сме стоици и чесни луѓе и тоа така треба да биде низ милениумите, да го сочуваме достоинството создавано низ историјата, и да го исполниме долгот на Македонскиот дух и код, за кој сме дадени. Да се промовираат решенија, економска стабилност и повеќе инвестиции, што на овие луѓе кои ја сакаат својата земја и сакаат да останат тука во оваа Македонија, да им заблеска насмевката на лицето и задоволството од пристоен живот. Македонците кои се надвор од границите на Македонија да бидат горди, да си дојдат дома и да најдат можност да останат во својата земја, татковина на сите нас, во библиска Македонија. Во македонската јавност да престане да се внесува конфузија што нè закопува во место, додека покрај нас поминуваат балкански возови кон Европа. Во Македонија да продолжат реформите кон Евроинтегрирањето.
Ја прославивме Новата 2023 година со љубов и верба во Бога, да го прославиме Божиќ и да го чествуваме Господ на автентичен Македонски начин.
Браќа и сестри, каде и да сте, СРЕЌНА НОВА 2023 ГОДИНА И ВЕСЕЛИ БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ!
Манојил (Мане) Јаковлески
|