|
||||
Македонски даб – симбол на вечноста |
Македонскиот даб е ендемски вид со посебни карактеристики и претставува вистинско природно богатсво. Името македонски даб го добива затоа што неговиот ареал е соодветен со територијата каде што со векови живее македонскиот народ. Покрај терминот македонскиот даб, постои и синонимот Тројански даб. Дабот благодарение на својот изглед, издржливост и долготраен живот, се смета за симбол на моќта, издржливоста и долговечноста. Тој му припаѓа на добрите, на чистите и светите дрвја, а македонскиот народ во дабот отсекогаш гледал како на свет знак, полн со живот. Неговите лисја содржат апотрепејски својства, а во целина како дрво и лековита моќ. Во споредба со другите дрвја, кај нашиот народ дабот имал најголемо значење во религиозниот живот. Според верувањата ја имал улогата на свето дрво, каде што во минатото, се одвивале религиозни обреди. Свештениците во Додона претскажувале преку шумолењето на лисјата од столетните дабови. Дабот се поврзува со врховниот македонски бог Ѕавс, со Хера, Кибела, а Херакло(синот на Ѕавс и родоначалнник на Македонската кралска династија) имал топуз од дабово дрво. Од таму дабовиот венец го носат до денешен ден само крунисани глави. Се претпоставува дека првите венци кои ги добивале победниците на Олимписките игри, биле од дабови лисја, а дури подоцна од лаворови лисја. На монетите на македонските кралеви се сретнуваат Ѕевсовите елементи како што се дабовиот венец, орел со молња, или само криласта молња и др. Тоа се атрибутите на врховниот македонски бог Ѕевс. Македонските кралеви преставувајќи ги овие елементи, кои го навестуваат новиот ден што се раѓа, оној кој дарува светлост, топлина и живот, истовремено го молат Бога да ја сочува Македонија. Дабот ја задржал улогата на место каде што се извршувале разни обреди и по појавата на христијанството, не само кај македонскиот народ туку и кај другите венетски народи. Интересен е примерот од „Споменот и житието на блажениот учител, наш Константин филозов“, каде хроничарот ќе забележи: „Кај фулскиот народ(Алани – сарматско племе) имаше огромен даб, срастен со цреша, и под него принесуваа жртва, наречувајќи го Александар“. Правдајќи се пред прекорот на Филозофот дека е недостојоно да го поистоветуваат со личност, и дека ќе горат во вечниот оган ако се клањаат на бевредно дрво наменето за оган, тие ќе речат дека „Ние не сме го започнале да го правиме ова сега, туку сме го превзеле од татковците....“ . Откако Константин ги убедил, со секира го исекол дрвото со 33 удари Симболично но бројот на ударите соодвествува со годините на овоземскиот живот на Александар но и на Исус. Не можејќи целосно да се искоренат одредени народни обичаи од паганската религија, тие се вклопуваат во христијанската религија. Во некои места кај нас се до денецшо време, дабот служи како место каде што се вршат религиозни дејства во присуство на свештеник.Танас Вражиновски во својата Македонска народна Библија наведува повеќе примери на религиозните обреди кои се изведуваат покрај старите дабови. Така на пример, тој ќе го наведе случајот со „познатиот даб во с. Вирче, Делчевско: Одевме на црква каде него и до денес одиме, наречен Ѓурѓов даб. Кога дојше за богомоление идевме таму кај него, курбање колеја, па ко ќе заврши курбањ одевме пополека, попо го земаше котлето вода, роси по нивјето, свети води, некакви. Тоа е религиозно дрво. Овој даб се дарува со разни дарови за добро здравје: Дабот се дарува, ама не останува на него. Таму кај дабот. Това го дава домаќинот за здравје, како у црквата или у некој манастир како подареш за здравје“ Македонскиот народ верува во лековито својствена на дабот, односно на водата која вообичаено извира од под него. Тоа Вражиновски го поткрепува со примерот од селото Чумово, Прилепско, каде постои огромен и стар даб од чии корени извира вода. „Се смета дека водата е лековита и во одредени денови луѓето одат да се мијат и пијат од неа, оставајќи разни дарови на неговите гранки“. Такви дабови постојат и во други делови во Македонија. Според тоа, дабовите како свети дрвја, а тие кои се наоѓаат на таканаречените ваковски места не смеат да се сечат. Не смеат да се гибаат дури ни паднатите дабови од старост зошто тие имаат лековити својства. Народот верува дека секој што ќе се обиде да го сторат тоа, можат тешко да се разболи или да умре. За да ги заштитат дабовите и нивните лековити својства, народот ги плете приказните дека се тие самовилски дрвја, каде под гранките се собирале самовилите и ги правеле своите свадби, свирејќи на разни инструменти и играјќи разни ора. Луѓето не можеле никогаш да ги видат самовилите, но ги слушале нивните гласови. Дабот зазема посебно место во обредната практика. На пример, на Божик, гранки од даб се закачуваат на куќите, за да биде родна годината, да има бериќет и здравје во куќата. Денес на Бадник осветени бадниковите гранчиња бесплатно се делат на верниците, а се започна во 1991 година. Позната е приказната за бабичката која на пазарчето Буњаковец сакала да купи крувчиња, јаболчиња и костени за коледарчињата кои ја носат радосната вест за Исусовото раѓање. Таа сакала да купи и бадникови гранчиња но немала доволно пари и заминала натажена накај дома. Трогнат од оваа случка скопјанецот Александар Пановски – Мац, ќе и купи на бабичката бадникови гранчиња, но тоа ќе го потикне заедно со своите другари да започне една племенита акција за бесплатно делење на бадниковите гранчиња за Бадник, акција која ќе се прошири и ќе трае и ден денес. На овој радосен ден, кога Исус се роди, народот се радува, се дружи и се сплотува, а тоа е толку потребно во ова време на осаменост и отуѓеност. |