|
||||
ИВАНОВ ДАДЕ МАНДАТ, ЗАЕВ ДАДЕ ГАРАНЦИЈА, НА ПОТЕГ ПОВТОРНО Е ИВАНОВ! |
Пишува Тодор ПЕТРОВ ИВАНОВ ДАДЕ МАНДАТ, ЗАЕВ ДАДЕ ГАРАНЦИЈА, НА ПОТЕГ ПОВТОРНО Е ИВАНОВ! Последните парламентарни избори во декември 2016 година профилираа ново правило на македонската политичка сцена. Наместо владина коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, според игрите на Калето, се формира ново парламентарно мнозинство меѓу СДСМ и ДУИ, се разбира, со цена. Секој со својата точка на топење... Партиите на Албанците побараа статус државотворен народ за албанското малцинство, кој и без попис не е повеќе од 15%, со воведување на албанскиот јазик како службен јазик на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи, заедно со македонскиот јазик. Откако се уверија дека нема расположение за промена на членот 7 став 1 од Уставот, без согласност на ВМРО-ДПМНЕ, поради двотретинското мнозинство, и СДСМ и ДУИ прифатија да го прекршат Уставот. Да донесат неуставен закон, а незадоволните да ги упатат на манипулативниот Уставен суд кој одамна ги крши правата и слободите на граѓаните во функција на тесни интереси на политичките елити. На 11 јануари 2018 година, СДСМ и ДУИ веќе избраа двајца уставни судии, чии ставови за поддршка на неуставниот Закон за употреба на јазиците јавно се елаборирани. Треба да ја одиграат улогата на тројански коњ, за Уставиот суд да го потврди неуставниот Закон за употреба на јазиците како уставен и да ги елиминира “правните пречки“ за негова имплементација како вовед во “функционална федерација“ до можна и територијална. Во услови кога не се избираат средства за манипулација со уставниот поредок заради демонтажа на државноста и унитарноста на Македонија, последна уставна институција за заштита на уставноста и законитоста останува само Претседателот на Републиката. Се разбира, доколку тој сака, ако веќе не е обработен со некоја бомба која јавноста досега не ја чула. Знаете, многу вистини остануваат вечно закопани во душата на поединци, поради закана од објава на секс или бизнис афери, незаконски прислушувани и документирани. Во услови на антагонизиран македонски политички дуализам, партиите на албанското малцинство станаа пресудниот играч меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кој од нив ќе формира Влада. Колку и да е тоа гротескно, во моментов Албанците решаваат која од овие две политички партии ќе го поседува парламентарното мнозинство за формирање на Влада. И за жал, од пуста страст за власт и сласт за моќ и пари, партиските елити на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ исправени пред тоа искушение, лицитираа(т) со македонските национални и државни интереси. Ако не се прекине тоа лудило и безумие, дерогацијата на државноста и унитарноста ќе ја претвори Македонија во нефункционална држава. Знаејќи дека државата е организирана власт на определена територија, брзо ќе дојдеме до заклучокот, таму каде што нема организирана власт, нема ни држава. А, во својата историја познат бил башибозукот во темниот вилает на Империјата. Тој башибозук денес лесно го заменува мафијата. Македонската полиција го ликвидира Македонците мафиози и тој баланс на односите во подземјето денес го пополнува само другата страна на паричката... Иронијата да биде поголема, државата не третира(ше) криминал само меѓу носителите на јавни функции од редот на партиите на Албанците. Впрочем, ја памтиме изјавата на Зоран Заев “не е етички да се објавуваат бомби за Албанците“, замислете која перверзија. Но, штом од нив зависат гласовите за Влада, молкот е според правилото на Коза Ностра - кој прв ќе проговори прв го нема меѓу живите. Колку сведоци на воените злосторства на Косово, Дел Понте донесе пред Меѓународниот суд во Хаг, некој памти? Речиси сите беа ликвидирани... Во такви услови, колку и да изгледа неверојатно, ДУИ, партиите на Албанците, галопирачки ја остваруваат таканаречената тиранска платформа. Во такви услови, колку и да се малубројни, за Албанците повеќе не е интересна проекцијата - сепарација заради наци-фашистичката креација Голема Албанија. Тие сега претендираат на окупација на целата територија на Македонија. И за жал, во Македонија се врши тивко етничко чистење на просторот и промена на етничката карта... Правото на слобода на вероисповеста се злоупотребува максимално и дивоградби џамии, во обележувањето на територијата, никнуваат на речиси секое можно и невозможно место. Во албанските енклави веќе одамна владее евазија на даноците и непочитување на законите, инспекторите во тие зони не влегуваат, инкасаторите таму не наплаќаат, таму владее законот на џунглата, може да ви се закануваат, да ве киднапираат, дури и да ве ликвидираат. Системски создадовме недопирливи гета. На друга страна, Владата на СДСМ на 1 август 2017 година склучи Договор со соседна Бугарија - де јуре за добрососедство, но де факто за непријателство. Договорот не ги признава Македонците воопшто, никако македонско малцинство во Бугарија, уредува ревизија на македонската историја и не го признава Македонскиот јазик во целина. Се’ додека за Софија Македонците се Бугари, Македонија е дел од Бугарија, а Македонскиот јазик е дијалект на Бугарскиот јазик, Договорот Заев-Борисов ќе биде велепредавство за нацијата и државата! Во Бугарија тој договор е дочекан како историски прва победа кон Македонија после Руско-турскиот мировен договор за Санстефанска Бугарија од 3 март 1878 година. Во рамките на тоа велепредавство ја втурнаа и Црквата со неканонско и антиисториско барање до Бугарската како Црква Мајка за Македонската Црква, да му ја земат и душата на народот, а колку таа авантура е погубна ќе покаже времето. По предлог на Владата, парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ на 11 јануари 2018 година изгласа Закон за употреба на јазиците, со којшто се редефинира државноста и унитарноста на Македонија, се воведува двојазичност на целата територија и во меѓународните односи на земјата, се дискриминираат малцинските етнички заедници во еднаквоста пред Уставот и законите. Законот за употреба на јазиците ја проблематизира валидноста на државните исправи во управните и судските постапки во зависност од јазикот на кој се напишани, го гетоизира албанското малцинство. Законот за уптореба на јазиците е во спротивност со основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност што подразбира заемно почитување, соработка по сите прашања од заеднички интерес и немешање во внатрешните работи на суверените држави на реципроцитетна основа: Што за Албанците во Македонија, тоа за Македонците во Албанија! Владата на СДСМ интензивно подготвува Договор за промена на името на државата и идентитетот на нацијата со Грција и ревизија на македонската историја. Парламентарната опозиција ВМРО-ДПМНЕ, поради бомбите од незаконски прислушкуваните разговори, досега се покажа нефункционална да го спречи парламентарното мнозинство на начин како што тоа го правеше СДСМ кога тие беа во опозиција. Ја изгубија и Владата и општините поради незаконски прислушкуваните разговори, ја втурнаа државата и нацијата во сива зона на неизвесност и колонизација поради спас на партиската елита, која едновремено, поради глупа кооперативност и послушност, го легитимира и Пржинскиот Договор Еден и Два, го предаде народот во Собранието на 27 април 2017 година и ја уби мотивацијата за отпор против промена на името на државата и идентитетот на нацијата, па сега им е виновен Цацко што ги шетаат по судови и затвори како дежурни арлекини. Што може во такви услови да стори Претседателот на Републиката, како последна институција за заштита на уставниот поредок, кога е очигледно дека Уставниот суд ја потврди својата манипулација со правата и слободите, со правото и правдата? Улогата на претседателот на Републиката во моментов е пресудна за разврска на политичката криза во државата! За жал, неговата индолентност нема да го смени мислењето на СДСМ и ДУИ, дури и ништо да не стори. Ама, само со проактивна улога, Претседателот на Републиката може да ја спаси демократијата, државата и нацијата! Ѓорге Иванов или ќе остане запаметен како национален херој за спас на државата и нацијата, или ќе стане соучесник во велепредавството на татковината! Затоа... ПРВО, во согласност со членот 11 од Законот за помилување, Претседателот на Републиката треба веднаш и безусловно да ги помилува сите во настаните од 27 април 2017 година, со ослободување од гонење и извршување на казната, како и да определи бришење и укинување на пресудата на осудените, за да заврши оваа пародија од замена на тези за “терористичко здружување“, после прокламацијата на Талат Џафери за претседател на Собранието спротивно на Уставот и законите - Терористите од Идризово на улица, а уставобранителите како “терористи“ во притвор и истражен! ВТОРО, во согласност со членот 11 од Законот за помилување, Претседателот на Републиката треба веднаш и безусловно да го помилува со ослободување од гонење на Едмонд Темелко. ТРЕТО, во согласност со членот Член 79 став 1 од Уставот според којшто “Претседателот на Република Македонија ја претставува Републиката“ дома и во светот, Претседателот на Републиката треба веднаш да прогласи безусловен крај на разговорите за разликата за името на државата и за тоа со нота да го извести Генералниот Секретар, а до Генералното Собрание да достави Резолуција за продолжување на членството во Обединетите Нации под единственото државно име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна разлика од истоимената северна провинција на Грција и југозападна провинција на Бугарија (соодветно на Република Ирска и Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска), без латинична транскрипција на Македонскиот јазик (Republika Makedonija) туку на англиски јазик (Republic of Macedonia), со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, на англиски јазик “Macedonian people“ и “Macedonian language“, независно од историските хипотеки од Балканските војни 1912-1913 година - окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ кои се’ уште траат! ЧЕТВРТО, Претседателот на Републиката, макар и еднострано, треба веднаш и безусловно да објави Декларација за македонско-грчко помирување во којашто ќе се каже - “Културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации!“ ПЕТТО, Претседателот на Републиката да предложи Договор за траен мир и добрососедство меѓу Република Македонија и Република Грција што ќе ја замени македонско-грчката Времена согласност од 13 септември 1995 година. ШЕСТО, во согласност со членот 75 од Уставот и изјавата на премиерот при доверувањето на мандатот за состав на Влада од 24 мај 2017 година, а имајќи предвид дека Владата нема двотретинско парламентарно мнозинство за покренување на постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката, Претседателот на Републиката има апсолутно суспензивно право да не ги потпише: (1) Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците, (2) Указот за прогласување на Законот за ратификација на Договорот меѓу Македонија и Бугарија склучен на 1 август 2017 година, и (3) Указот за прогласување на Законот за ратификација на Договорот за промена на името. Претседателот на Републиката има апсолутно суспензивно право да не ги потпише овие закони дури и при нивното повторено усвојување со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, иако според членот 75 став 3 од Уставот е должен да го потпише указот. ДОЛЖЕН Е не значи МОРА! Некој може да се залажува дека и без потпис на претседателот на Републиката на указот за прогласување на Закон, Законот може да се објави во Службен весник и да влезе во сила! Напротив, објавата на таков закон е неуставна, претставува злоупотреба на службената должност, Законот не предизвикува правно дејство односно не важи и граѓаните слободно може да не го почитуваат затоа што таа објава не е закон! Ако некој смета на ликвидација на Претседателот на Републиката за да не ги преземе овие мерки од неговата надлежност, треба да знае дека и на другата страна ќе има списоци на ликвидирани, тоа ќе ја дестабилизра државата и регионот. Тоа не е решение во аздисаноста на власта без мерка, туку предупредување за престанок на флагрантното кршење на Уставот и законите за да се спаси по секоја цена актуелната владина коалиција. Ете затоа сега сите очи во државата (треба да) се свртени кон Претседателот на Републиката! Ѓорге Иванов или ќе собере храброст, во согласност со уставните овластувања, да остане запаметен како национален херој за спас на државата и нацијата, или ќе стане соучесник на велепредавството на татковината! Иванов му даде мандат на Заев, Заев му даде гаранција, на потег повторно е Иванов... |