|
||||
ПРОТЕСТЕН МАРШ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО БЕРЛИН |
МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ГЕРМАНИЈА ПРОТЕСТЕН МАРШ ЗА МАКЕДОНИЈА ОД БРАНДЕНБУРШКАТА ПОРТА ДО КАБИНЕТОТ НА МЕРКЕЛ! - Во организација на Македонската заедница во Германија, на 27 јануари 2018 година (сабота) се организира протестен марш ЗА МАКЕДОНИЈА! Собирно место на протестниот марш е во 13.00 часот пред Бранденбуршката порта (Brandenburger Tor - Pariser Platz, 10117 Berlin), од каде што присутните ќе се упатат до кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел. Од протестниот марш ќе се упати декларација до претседателот на Републиката, претседателот на Парламентот и претседателот на Владата на СР Германија. Македонците во Европа го отфрлаат Договорот со Бугарија и Законот за употреба на јазиците. Македонците во Европа не прифаќаат промена на името на државата Македонија! - Упатуваме јавна покана до сите Македонци во цела Германија и Европа да се придружат на маршот ЗА МАКЕДОНИЈА, заедно да застанеме во одбрана на боите на Македонија и за нашите браќа и сестри во татковината! Ние сме Македонци, нашата татковина се вика Македонија, наш јазик е Македонскиот јазик! Така било, така е, така мора и да остане! - се вели во прогласот на организаторот на протестниот марш. |