|
||||
ЕДНАКВА СУВЕРЕНОСТ ВО ОДНОСИТЕ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА! |
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС ЕДНАКВА СУВЕРЕНОСТ ВО ОДНОСИТЕ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА! 18 јануари 2018 година, Тирана, Албанија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува изјавата на албанскиот премиер Еди Рама од 14 јануари на Младинскиот форум на албанските социјалисти, дека Социјалистичката партија чиј претседател е тој има врска со формирањето на ОВК и “војната на Косово со соседна Србија“ и “решавачки придонела за донесувањето на Законот за употреба на јазиците од страна на Собранието на Република Македонија со што албанскиот јазик добива статус на втор службен јазик“, и смета дека таа претставува натамошно грубо мешање во внатрешните работи на Македонија, во намерата Албанија и понатаму да ја турка таканаречената “тиранска платформа“. СМК повторува дека таканаречената “тиранска платформа“ ја редефинира државноста и унитарноста на Македонија, воведува двојазичност на целата територија и во меѓунардоните односи на Македонија, и врши дискриминација на малцинските етнички заедници во еднаквоста пред Уставот и законите. СМК оценува дека односите меѓу Македонија и Албанија мора да се градат врз основниот принцип на меѓународното право - еднаква сувереност, што подразбира взаемно почитување, соработка по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и народи и реципроцитет во меѓусебните односи: Што за Албанците во Македонија, тоа за Македонците во Албанија! СМК апелира во односите со соседните држави, власта во Македонија сериозно да се придржува на еднаквата сувереност, како единствена гаранција за добрососедските односи и мир и безбедност во регионот! |