Четврток, 18 Јануари 2018    PDF Печати Е-пошта
Панихида за Тодорче Радевски во с.Велмевеци

TodeНа 21 јануар-недела во 11 часот во с. Велмевци-Кичевско, ќе се одржи панихида за Тодор Радевски познат како Тоде или Тодорче, македонски патриот, член на ДООМ, ВМРО/ДПМНЕ и член на комитетот Методија Андонов Чентово во Гетеборг Шведска.

Тодор Радевски е роден во Кичевското село Велмевци, во семејството на Борис и Менка Радевски. Неговата мајка е внука на легендарниот војвода од Илинденското востание Јордан Пиперката.

Тодорче Радевски во 1970 година заминува на работа во Шведска, каде останува до крајот на својот живот. Целиот свој живот го посветува на македонската кауза.

Кај Тодорче Радевски почнаа да доаѓаат лидерите и раководствата на Македонското движење во иселеништво како Драган Богдановски, Михаил Шариновски, Ристе Ристески и други.

Поради ова, во просториите на друштвото Гоце Делчев, во 1977 година дојде до употреба на огнено оружје. Радевски Тоде испука неколку куршуми со пиштол на игранката и за среќа никој не настрада. За стореното дело Радевски Тоде одлежа неколку месеци во затвор.

На 23-3-1991година од 18 до 23 часот во просториите на куќата форум, во населбата Кортедала ,во присуство на преполна сала со гости и, Драган Богдановски, Борис Змејковски, Мане Јаковлески и други се основа Задграничен Комитет на ВМРО- ДПМНЕ во Гетеборг. Се избра управно тело од осум членови меѓу кои беше и Тодорче Радевски.

Пред неговата смрт Тодорче (Тоде) почна да осеќа болки во нозете и колената. Повеќе лекарски прегледи беа направени но причината за болките не се откри. Тодорче планираше да се врати во својата Македонија, во Битола.

Неговата замисла не се исполни. Болеста повеќе и повеќе напредуваше и здравјето му го одземаше. Тодорче почуствува дека му се ближи крајот и напиша тестамент кој му го предал на Владо Арсов од Велес.

Во тестаментот тој ќе ја напише последната желба дека кога ќе умре сака телото да му биде пренесено во Македонија, во родното село Велмевци, каде во летниот период јадел топол селски леб со биено сирење и пиел планинска студена вода.

Тодорче Радевски почина на 23 март 2016 година.

Меѓутоа поради административни пропусти, последната негова желба ќе биде исполнета неколку месеци подоцна. Со помош на Патриотското Здружение Тодор Александров и другите пријатели телото на Радевски беше донесено во Велмевци-Македонија и на 22.11.2016 година во присуство на свештеник беше погребан, во прадедовските фамилијарни гробишта со сите македонски религиозни обичаи.

Вечна му слава на Тодорче (Тоде) Македонецот, АМИН!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.