Четврток, 18 Јануари 2018    PDF Печати Е-пошта
Не го сакаме НАТО

manifest„Македонски манифест“ до Столтенберг: Не го сакаме НАТО

Отворено писмо до Јан Столтенберг, генерален секретар на НАТО

Уважен господине Столтенберг, добродојдовте во Македонија. Вие сте во неа, не во ФИРОМ како што нѐ викате. Ние од Македонски Манифест, како и целиот чесен македонски народ, ја знаеме целта на Вашата посета сега. Таа се поклопува со забрзаниот ôд на катастрофата која треба по најкуса постапка да го ликвидира од корен нашиот автентичен исконски идентитет. Треба да се избрише нашето Име со кое сме се пробивале со културно-цивилизациска слава и мартирство низ час осветлените, час темните пластови на столетијата од најдревни времиња до денес. Од најстариот познат етнографски документ на западната јудео-христијанска цивилизација на библискиот Мојсеј, неговата етнографска карта на народите пред неколку милениуми, до денес низ безброј историски голготи на кои сме биле распнувани сме го носеле Името, небесен печат на нашето колективно битие, кое сега сакате да ни го земете и безусловно да им го подарите на лукавите Грци.

Да. Ете затоа ние од Македонски Манифест, здружение за одбрана на македонизмот, македонското Име и постоење меѓу народите, не го сакаме НАТО, господине Столтенберг. Го сакаат политичарите, кои по дефиниција се најчесто полтрони и неавтентични битија, но не и македонскиот народ, со исклучок на Албанците во Македонија, се разбира, и се знае зошто. Ако вие лично не знаете зошто ќе ви кажеме: затоа што и Македонија е добро испланирана во концептот на Брисел и посебно на Вашингтон за создавање на Голема Албанија. Се разбира, на еден помек начин отколку што беше тоа со Косово и Србија 1999-та, кога смртоносните бомбардери на НАТО-алијансата составена од 19 моќни, во тој случај, смртоносци нелегално по темница од 11 000 метри височина, убивајќи жени и деца, бомбардираа една мала балканс:ка земја. Само по себе тоа доволно говори, господине Столтенберг, какво цивилизациско достигнување е вашата воена организација, која покрај другото е задолжена и за гаснење на секој вид планетарен здив на пацифизам, а да не зборуваме пак за некој вид на револуција која ќе ги обедини сиромашните и онеправданите за да го тргнат од себе јаремот на богатите и моќните сеуште страшно витални амерозападни колонизатори со планетарна амбиција на тој план.

Уважен господине Столтенберг, ние добро знаеме дека НАТО е создаден, имено, да ги брани банките и моќните профитерски економски и трговски корпорации на Западот. Мирот, рака на срце, не е негов основен мотив. За жал. И со Македонија е таков случајот. Од кого ќе ја браните Вие неа? Од Русите ли, кои без да се навредите, според многу родствени, идентитетски, генерички и историски линии, како што добро знаете, многу ни се поблиски од Американците. Тоа, господине Столтенберг. И уште да ве запрашаме каква е таа беневолентна филозофија на НАТО-алијансата која се вика „Отворени врати“? Зарем не е кон нас Македонците премногу лицемерна и цинична со условите што ни се поставени, а кои имаат нацифашистички мирис: првин идентитетска смрт, промена на Името, а потоа влез низ вашите отворено-затворени за нас врати со кои ни го искршивте на парампарчиња темето.

Тоа ли е цивилизација, тоа ли е култура и хуманизам? Тоа ли е просветителскиот Запад на кој му се залепи со својот безкруполозен инстинктивизам за планетарен грабеж на материјалните ресурси и САД (Ирак, Либија, Сирија, Авганистан…), а се за остварување на таканаречениот американски сон на среќата. Сон за кој се покренаа милиони очајни бегалци кон Европа. Ете, тоа е тоа, господине Столтенберг. Моравме во ова кусо отворено писмо на Македонски Манифест до Вас да бидеме, in medias res, дијагностички јасни и прецизни за да го оправдаме неговиот наслов, кој однапред знаеме дека нема да ви се допадне: „Не го сакаме НАТО“. Нашето Име во кое со небесен печат е заклучен нашиот свет идентитет не сме спремни да го трампиме за Вашите смртоносни бомбадери. За ништо. Нашиот колективен ген е по дух пацифистички и космополитски. Затоа сме толку многу историски и настрадале, доаѓајќи во ваква трагична ситуација на, како што би рекол нашиот поет-пророк и културно-цивилизациски светилник Блаже Конески, „столчено племе“. Со длабока, безмалку смртоносна рана, која со планот за наша идентитетска ликвидација таа треба засекогаш да се затвори и да се тргне нејзината крвава преврска како последен знак дека овој автентичен древен народ и идентитет е фрлен како безвреден отпад на ѓубриштето на историјата. Тоа. Ништо друго. Затоа големо НЕ на НАТО со неговите нацифашистички условувања за нас.

Ви пожелуваме добредојде, господине Столтенберг, во Македонија која е бескрајно гостопримлива, дури патолошки гостопримлива до мерка кога го изнесува своето срце на трпеза и на гостите-канибали што наминувале неретко во историјата, а и денес зачестено наминуваат во неа.

ЗА МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ:

Ефтим Клетников – поет

Стојан Стојков – композитор

Фима Клетникова – поетеса

Александар Русјаков – режисер и писател

Слободан Пренџов – универзитетски професор

Запро Запров – диригент

Дардан Венетски – правник и новинар

Цветан Гавровски – универзитетски професор

Сотир Костов – правник и колумнист

Мелпомени Корнети – амбасадор

Олгица Трајковска – правник

Писмото е проследено до американската, британската, германската, грчката, кинеската, руската, француската, холандската амбасада; до седиштето на ЕУ во Скопје, како и до премиерот Заев и до владата на Р. Македонија

Превземено од НЕТПРЕС

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.