Петок, 19 Јануари 2018    PDF Печати Е-пошта
НАТО НЕ Е ДОСТОЕН ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА

14СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

СТОЛТЕНБЕРГ ГО НАВРЕДИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, НАТО НЕ Е ДОСТОЕН ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА НАЦИЈАТА!

18 јануари 2018 година, Скопје, Македонија

- Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со разочарување го проследи обраќањето на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Собранието на Република Македонија, бидејќи ниту еднаш не го спомна името на државата во чијшто Парламент се обраќа.

СМК го осудува барањето на Јенс Столтенберг за промена на името на државата и идентитетот на нацијата во закондоавниот дом на државата Македонија!

СМК изразува разочарување од пратениците во Собранието на Република Македонија, од кои ниту еден вербално или со транспарент не му даде до знаење на Јенс Столтенберг дека се обраќа во Парламентот на државата Македонија, дека е достојно барем еднаш да го каже името на државата каде што престојува.

СМК ги поздравува сите пред Собранието кои изразија револт против НАТО Алијансата.

Македонците и натаму бараат безусловен крај на разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина, со нота од Претседателот на Републиката до Генералниот Секретар и Резолуција до Генералното Собрание за продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“, како јасна разлика од истоимената северна провинција на Република Грција и југозападна провинција на Република Бугарија, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (Republika Makedonija) туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“, (соодветно на Република Ирска и Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска), со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, на англиски јазик “Macedonian people“ и “Macedonian language“, независно од историските хипотеки на Балканските војни 1912-1913 година - окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ кои се’ уште траат.

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата.

СМК ја предупредува Владата дека промената на името на државата и идентитетот на нацијата не претставува демократија, слобода на уверувањето, совеста, мислата и нејзино јавно изразување, ниту слобода на говорот, туку флагрантно кршење на меѓународното право и на Уставот на државата Македонија, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото кое не застарува, како и најтешко кривично дело велепредавство, што ќе биде казнето со доживотен затвор и конфискација на целиот имот на семејството, дома и во светот!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.