|
||||
ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА НЕ Е РЕЛЕВАНТНА ЗА ЈАЗИЧНИТЕ ПРАВА ВО МАКЕДОНИЈА! |
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА НЕ Е РЕЛЕВАНТНА ЗА ЈАЗИЧНИТЕ ПРАВА ВО МАКЕДОНИЈА! 20 јануари 2018 година, Рим, Италија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) за нерелевантна ја смета Венецијанската комисија по Законот за употреба на јазиците, бидејќи јазичните права се дел од внатрешниот правен поредок на Македонија! СМК смета дека Венецијанската комисија не е надлежна по Законот за употреба на јазиците, бидејќи јазичните права во Македонија ги надминуваат стандардите на меѓународното и европското право! СМК потврдува дека одлуките на Претседателот, Собранието и Уставниот суд на Македонија за постапките во врска со владиниот Закон за употреба на јазиците не зависат од мислењето на Венецијанската комисија! СМК изразува разочарување од Владата за манипулациите со јавноста дека чека мислење од Венецијанската комисија по Законот за употреба на јазиците, Собранието да го усвои тој Закон без тоа мислење, а откога претседателот на Републиката не го потпиша указот за негово прогласување повторно да шпекулира дека се чека мислење од Венецијанската комисија. СМК ја повикува Владата безусловно да го повлече Законот за употреба на јазиците и да го врати на јавна дискусија и стручна валоризација. СМК ги повикува пратениците да не го усвојат Законот за употреба на јазиците при повторното разгледување! СМК и натаму бара Претседателот на Републиката да не го потпише указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците и при повторното усвојување во Собранието, иако Е ДОЛЖЕН по Устав, но тоа не значи дека МОРА, бидејќи не е во согласност со Уставот на Република Македонија и со изјавата на премиерот при доверувањето на мандатот за состав на Влада од 24 мај 2017 година, а Владата нема двотретинско парламентарно мнозинство за покренување постапка за утврдување одговорност на Претседателот на Републиката! |