|
||||
Андартите преставуваат паравоена структура која дејствувала во 19 век |
ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува националистичките испади на вчерашните протести во Република Грција, но и објавувањето на мапи во грчките медиуми во кои се дели територијата на Република Македонија
ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува националистичките испади на вчерашните протести во Република Грција, но и објавувањето на мапи во грчките медиуми во кои се дели територијата на Република Македонија. Ваквите испади не придонесуваат за подобрување на меѓусоседските односи и градење на клима на доверба меѓу Македонија и Грција. Палењето на македонското национално знаме, извикувањето на иредентистички пароли и дефилирањето во воени и паравоени униформи се сосема спротивни на демократијата и меѓусебното почитување кое треба да го градат двете земји. Министерството за надворешни работи на Република Македонија мора посериозно да ги сфати сите овие непријателски гестови од страна на поединци и групи во соседна Грција и преку дипломатска нота да побара соодветна реакција од грчка страна и санкционирање на лицата кои ги подриваат меѓусоседските односи. Пораките кои вчера беа испратени од протестите во Солун се навредливи за секој Македонец, а МНР има обврска да го штити нашето национално достоинство. Историјата вели дека, Андартите преставуваат паравоена структура која дејствувала во 19 век извршувајќи злосторства врз македонскиот народ. Лица во такви униформи дефилираа на вчерашните протести на кои присуствуваа и голем број лица од јавниот и политичкиот живот на соседна Грција. Пораката што се испрати е исклучително лоша и таа мора да биде жестоко осудена и од македонска и од грчка страна. |