Среда, 24 Јануари 2018    PDF Печати Е-пошта
Сообраќајот во Скопје помеѓу двете светски војни

Преземено од репортажи за Скопје

Како што одминувало времето така и скопјани ја имале можноста да бидат уживатели на луксузни и потребни превозни и сообраќајни средства, започнувајќи од пајтонот, кој им бил достапен прво на најбогатите скопски семејста, потоа и на патниците, шпедитерските коли, железничкиот сообраќај, автомобилите, па авио сообраќајот.... Скопје, низ времето и секогаш во трендот на возилата...

(Втор Дел)

Железнички сообраќај

Железничкиот сообраќај многу одамна бил воведен во земјата. Првата железничка линија Солун-Скопје-Митровица, во должина од 243 км, била пуштена во август 1873 год. Значењето на железничката линија било огромно, пред сé заради редовноста на транспортот, можноста за транспортирање на големи количества стока, намалувањето на цените на транспортните услуги, поголемата безбедност и независноста од временските прилики. Пред пробивот на Солунскиот фронт, на Македонија í припаѓале овие линии: Гевгелија-Велес-Скопје; Скопје-Куманово-Табановце; Скопје-Волково-Генерал Јанковиќ и теснолинејката Скопје-Охрид.
Ханриевото чајниче
По 1918 год. при поделбата на Македонија, на Србија и припаднале пругите: Гевгелија-Скопје-Табановце и Скопје-Генерал Јанковиќ. Во овој период железницата била обновена, бидејќи во голема мерка биле уништени железничките линии, мостовите и станиците при повлекувањето на централните сили. Обновувањето на железницата се одвивало во 3 етапи: провизорна обнова до 1921 год., привремена обнова во периодот 1921/23 год. кога биле извршени следниве работи: расчистување на станичните колосеци и нивно оспособување и поправка на станичните згради. Во овој период, поточно во 1923 год., дошло до спојување на пругата Генерал Ханрис- Охрид со Скопје, односно пругата била продолжена од Ханриево до “Мала станица” (спроти денешна НИП “Нова Македонија”) или “Горно Скопје”. Дотогаш, трговците, испраќајќи стока непосредно од Скопје, морале да сметаат на трошоците и губењето на време околу претоварот во станицата Ханрис. Тие често се служеле со колски сообраќај до оваа станица. Колскиот превоз значително влијаел на зголемувањето на транспортните трошоци. Долго време постоела иницијатива за изградба на оваа пруга во нормален колосек, бидејќи сообраќајот по неа се одвивал многу тешко, а за нејзино годишно одржување се трошеле големи средства. На истата пруга сообраќал и возот “пампурче” или “чајниче”. Пругата во нормален колосек се изгради дури во шеесетите години, и тоа до Кичево, а релацијата Кичево -Охрид остана само како нацрт.

Третата фаза од обновата на железничкиот сообраќај траела до 1929 год. кога се извршила негова дефинитивна обнова и реконструкција.
Старата железничка станица изградена во 1873 год.
Станичната зграда во Скопје, иако најголема по солунската, во горниот дел била ѕидана во бондрук техника. По Првата светска војна на неа немало големи оштетувања освен на инсталациите. Затоа, во 1930 год. се изградиле и нови водостаници на Вардар кај Нерези, чијшто резервоар ги снабдувал локомотивите, станицата и ложилницата во Скопје. Ложилницата, за време на Турците, била изградена со 6 помали машини, а веќе во 1932 год. имала 70 машини. Шеф на железничката ложилница бил Војислав Пајиќ.

Во 1931 год. била пуштена во сообраќај новата пруга Лопатница-Рашка која претставувала последен дел од големата железничка линија Краљево-Рашка-Косовска Митровица. Со отварањето на оваа пруга Скопје дошло во директна врска со Белград.

Со оваа пруга Скопје станало јадро на Балканскиот Полуостров во сообраќаен поглед, и крстопат преку кој биле поврзани сите четири страни на светот, како за поблиската и подалечната околина на тогашна Јужна Србија, така и за целата земја. Покрај пругата која по Вардарско-Моравската Долина ги спојувала Белград и Солун, од Скопје оделе и други пруги од кои едната преку Косово и долината на Ибар се врзувала со Западна Србија, а со теснолинејката до Охрид се заокружува важноста на Скопје.

И покрај отворањето на нови линии, железничкиот сообраќај имал многу недостатоци. Така на пример, имало недостиг на станичен простор бидејќи Железничката станица во Скопје била изградена во време кога не се ни помислувало на поголем напредок на градот. На Железничката станица, како и на станицата Генерал Ханрис (Ѓорче Петров) имало магацини кои ни оддалеку не можеле да ги задоволат потребите, така што се случувало стоката и по неколку дена да остане под ведро небо. Постоел недостиг на колосеци, а и на вагони, особено на оние за ситна стока. Слична била состојбата и со патничкиот сообраќај. Поради малиот број на вагони, на станиците се создавал неред, а предност да обезбедат место имале воено-политичкиот и управниот апарат, иако сите патници плаќале иста цена за билетите. Железничките линии, пак, биле одржувани мошне неуредно, поради тоа што чуварите биле експлоатирани од страна на шефовите за лични потреби.

На кризата во железничкиот сообраќај влијаел и развојот на автомобилизмот во Македонија. Предноста на автомобилите била во нивната брзина како и можноста за пренесување на стоката од местото на производство до местото на потрошувачката.
Новата железничка станица изградена во 1938-40 год.
За унапредување на железничкиот сообраќај Банската управа решила да изгради нова железничка станица во Скопје. Камен-темелите биле поставени во 1937 год., а изградбата траела 3 години. Железничката станица била пуштена во работа во 1940 год. и била најубава на Балканот во тоа време. Пред изградбата на оваа станица имало само една станица во Градско со подземни премини која по својата убавина се издвојувала од другите, но со новоизградената станица во Скопје ниедна друга не можела да конкурира. Во меѓувреме, додека се градела новата железничка станица, возовите пристигнувале на старата станица “Војвода Путник” која се наоѓала пред денешната Железничка станица.

Главниот влез на новоизградената железничка станица бил на ул.”Крал Петар”, а таа излегувала и на ул.”Принц Ѓорѓе”. Лево и десно имало станични скверови кон кои биле поставени влезови за становите на службениците. Големиот станичен хол кој бил врска со главниот влез и излез, зафаќал простор од 1000 м2. На првиот кат се наоѓал ресторан, а на вториот службени соби и хотел за железничките чиновници. Во крилата на зградата биле сместени канцелариите. На перонот, поплочен со најубави романски плочки, застанувале и продолжувале возовите кон Европа, а тука минувал и прочуениот “Ориент Експрес”. Околу станицата пулсирале сите содржини на Скопје.

Во скопската Железничка станица, за 24 часа влегувале и од неа излегувале 24 возови ( брзи, патнички и забрзани возови). Просечно дневно пристигнувале 1000 патници. Во текот на едно деноноќие 14 локални патнички возови оделе од Скопје до Ханриево.

Железничката станица, како главна сообраќајна установа на еден град, станала центар на изградбата на ново Скопје, во кое таа била столб околу кој се движел животот на градот.

Многу брзо се изградил делот пред станицата. За потребите на железничарите, во 1920 год. била изградена дрвена барака на ул.”Водњанска”, а подоцна била изградена и Железничката колонија составена од 30 куќи, југозападно од станицата, во Дебар маало.

Иако развојот на железничкиот сообраќај одел многу бавно, тој внел битни промени во економскиот живот на земјата, овозможувајќи брз транспорт на стока и патници.

(Продолжува...)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.