Четврток, 25 Јануари 2018    PDF Печати Е-пошта
НЕ ПОСТОИ МАКЕДОНСКИ ИРЕДЕНТИЗАМ, ТУКУ ГРЧКА ОКУПАЦИЈА ВРЗ МАКЕДОНИЈА И ГЕНОЦИД ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ!

14СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

НЕ ПОСТОИ МАКЕДОНСКИ ИРЕДЕНТИЗАМ, ТУКУ ГРЧКА ОКУПАЦИЈА ВРЗ МАКЕДОНИЈА И ГЕНОЦИД ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ!

24 јануари 2018 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува изјавата на кипарскиот претседател Никос Анастасијадис кој ја обвини Македонија за иредентизам!

СМК повторува дека не станува збор за македонски иредентизам, туку за грчка окупација врз Македонија и геноцид врз Македонскиот народ од Балканскит војни 1912-1913 година до денес!

Иредентизам не е љубовта кон својот роден крај од каде што Македонците со етничко чистење насилно се прогонети!

СМК ја потсетува Атина дека Меѓународниот суд на правдата во Хаг по тужба на Македонија, на 5 декември 2011 година едногласно одлучи дека Грција ја прекршила македонско-грчката Привремена согласност од 13 септември 1995 година! Меѓународниот суд на правдата во Хаг ги отфрли обвинувањата на Атина за постоење на македонски иредентизам!

СМК укажува дека шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа претставува семакедонски симбол, тоа нема врска со културно-историското наследство на Атина!

Простуваме, но не забораваме! Бараме извинување и репарации за штетите по животите и имотите на насилно прогонетите Македонци и експлоатацијата на природните ресурси и археолошките ископувања во окупираниот Егејски дел на Македонија од 1912 година. Бараме враќање на државјанствата, граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од окупираниот Егејски дел на Македонија од 1912 година!

И покрај се’ и после се’, Македонците сметаат дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации!

Македонците подаваат рака за историско македонско-грчко помирување, Македонците предлагаат владите во Скопје и Атина да склучат Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција што ќе ја замени македонско-грчката Привремена согласност од 13 септември 1995 година!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.