|
||||
МАКЕДОНСКО-АЛБАНСКИТЕ ОДНОСИ НА ЕДНАКВА СУВЕРЕНОСТ! |
29 јануари 2018 година, Тирана, Албанија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со индигнација ја отфрла изјавата на премиерот на Албанија, Еди Рама, за време на состанокот на парламентарната група на Социјалистичката партија по враќањето од Економскиот форум во Давос, во врска со Законот за употреба на јазиците, како натамошно грубо мешање во внатрешните работи на Македонија. Иако правата и слободите не може да се квантифицираат, нив или ги има или ги нема, и од нив никогаш доста, СМК и натаму смета дека кон Албанија, Македонија мора да се придржува на основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност, што подразбира взаемно почитување и разбирање, соработка по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи и реципроцитет во меѓусебните односи: Што за Албанците во Македонија, тоа за Македонците во Албанија, како еднакви со еднаквите и рамноправни со рамноправните! СМК предлага Декларација за македонско-албанско историско помирување, Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Албанија, Договор за положбата и правата на Албанците во Македонија и на Македонците во Албанија, и Уставна декларација на Собранието на Македонија за почитување на правата и слободите загарантирани со Уставот независно од пописните резултати! СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС |