Среда, 31 Јануари 2018    PDF Печати Е-пошта
(Фотогалерија) Говор на Тодор Петров на протестот на 27 јануари пред Бранденбуршката порта во Берлин

1 6Говор на Тодор Петров на протестот на 27 јануари пред Бранденбуршката порта во Берлин

30 јануари 2018 година, Берлин, Германија

Говор на претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров, на протестот на 27 јануари пред Бранденбуршката порта во Берлин.

СЕМАКЕДОНСКО ПОМИРУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ ЗА ОДБРАНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА НАЦИЈАТА!

- Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, од дисолуцијата на поранешна Југославија, секој почеток и крај, во обид за политичка криза со дестабилизација и контролирана нестабилност во Македонија: е името на државата и идентитетот на нацијата! И после сто години од Балканските војни, исти се актерите, исти се интересите, исти се извршителите кон Македонците и кон Македонија. Во Балканските војни 1912-1913 година, Македонија не беше поделена за некогаш да воскресне македонското прашање, туку конечно да се затвори и за секогаш да го снема.

Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, секој Македонец, дома и во светот, загрижено се запрашува што и’ се случува на Македонија денес?! Што ни се случува нам Македонците?! Од една страна, Македонија трпи колатерална штета поради интересите на Соединетите Американски Држави кои бркаат руско влијание во регионот. А, од друга страна, пак, Македонија не пати од дефицит на демократија, туку од суфицит на врховизам. А, врховизмот не е етничко, туку геополитичко прашање. Врховизмот претставува сервилност на определена номенклатура која во отсуство на доверба од сопствениот електорат, мандат за власт во Македонија бара од некоја друга и туѓа метропола. Во 20 век тоа биле Атина, Белград и Софија, во 21 век тоа се Брисел, Стразбур и Вашингтон.

Или, да биде поразбирливо: Во 1893 година Македонците формираат Македонска револуционерна организација во Солун, нам позната како ВМРО. Бил избран нејзин Централен комитет. Централистите биле за суверена и самостојна држава Македонија, биле за Македонија на Македонците! Само две години подоцна, во 1895 година, поради вечните амбиции на Софија за Санстефанска Бугарија од 1878 година, во чии рамки, само на хартија и само за три месеци, до Берлинскиот Конгрес била и Македонија, под менторство на Бугарскиот кнез, во Софија, се формира и Врховен комитет на ВМРО. Врховистите биле за Македонија, ама во рамките на Бугарија и со Македонците како Бугари. И, започнува повеќедецениската братоубиствена војна меѓу централистите и врховистите. Едните за Македонија суверена и самостојна, другите за Македонија во рамките на Бугарија.

Недовербата во лидерствата на ВМРО поради врховизмот, меѓу Македонците го поттикнува анархизмот. Бидејќи никој во никого не верувал, секој сам за себе преземал акции за Македонија. Оттука и најпознатите македонски анархисти - гемиџиите, кои ги знаеме како солунските атентатори, ги превзеле првите бомбашки акции во Солун во 1903 година. И денес, врховизмот и анархизмот во Македонија ни се повторуваат.

Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, под закана од вето за почеток на пристапните преговори за членство на Албанија во Европската Унија, Бугарската Влада успеа, Законот за националните малцинства да биде дополнет со непостоечкото “бугарско малцинство“ кое никогаш дотогаш на ниту еден попис не постоело во Албанија!

Под закана на Софија со вето кон Македонија за членство во Европската Унија, Бугарија го изнуди и Договорот меѓу Заев и Борисов, со којшто Македонија се откажа од Македонците во Бугарија и прифаќа ревизија на културата и историјата на Македонскиот народ. Зоран Заев стана поголем софиски врховист од Љубчо Георгиевски, кој за СДСМ отсекогаш беше дежурен бугарофил. Денес се во коалиција...

Ја осудуваме агресијата на Владата во Софија за бугаризација на македонците во Албанија. Ја осудуваме Македонската Влада којашто се уште го држи во домашен притвор Едмонд Темелко, единствениот Македонец градоначалник на општина Пустец и претседател на единствената Македонска партија во Албанија. Тоа е за најостра осуда! Бараме слобода за Едмонд Темелко, веднаш и сега!

За грижата за положбата и правата на Македонците во Грција, изложени на агресија од Владата во Атина, речиси воопшто не се зборува.

Македонците веќе три децении се жртви на домашните врховисти кои ги распродаваат државните и националните интереси. Впрочем во 2005 година и Љубомир Фрчкоски рече: “Македонија е премногу толерантна спрема своите внатрешни квислинзи, кои отворено работат за грчките интереси, па и не го кријат тоа.“ Фрчкоски, денес пее по други ноти.

Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, не смееме да заборавиме дека прашањето за името е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога Македонците, по потекло и државјанство, во апсолутно мнозинство гласаа “За суверена и самостојна држава Македонија“, без додавки и без придавки! Одлуката на референдумот по Устав е задолжителна за сите без исклучок!

Македонија нема сложено име составено од два или повеќе збора! Македонија нема име за домашна употреба и за меѓународна употреба! Името на нашата држава се состои само од еден единствен збор - зборот Македонија! Името на државата Македонија е нераскинливо поврзано со името на Македонскиот народ! Името на Македонскиот народ е основа за името на нашата држава Македонија!

Секоја додавка и придавка на името на државата значи трајна промена на името на државата! Секој договор за промена на името на државата претставува најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ, злосторство против човештвото, флагрантно кршење на Уставот и на меѓународното право, Повелбата на Обединетите Нации и Универзалната декларација за човековите права и слободи.

Името на државата е идентитетот на нацијата! Лажат кога велат промената на името на државата не значи промена на идентитетот на нацијата! Промената на името на државата претставува трајна промена на идентитетот на нацијата - промена на името на Македонскиот народ и промена на името на Македонскиот јазик, затоа што по меѓународно право името на националноста по автоматизам произлегува од името на државата! Патем, државите немаат монопол врз име и историја! Во меѓународното право не постои спор за име на држава и нација! Тие се неотуѓиво, неприкосновено и неотстапно право на самоопределување и самоидентификација!

И уште нешто. Во Обединетите Нации не разговараме за промена на името, туку за разликата за името со Владата во Атина. “поранешна Југословенска Република Македонија“ не е ново меѓународно име чија замена ја договараме! Туку времено обраќање само во системот на Обединетите Нации, додека траат разговорите за разликата. Затоа, Република Македонија, на англиски јазик Republic of Macedonia, е единственото решение за мир и добрососедски односи на Балканот, со писмо од претседателот Иванов до Генералниот секретар за крај на разговорите и резолуција до Генералното собрание за продолжување на членството во Обединетите Нации под државното име Македонија!

И бидејќи Империјата Македонија не се супституира со Републиката Македонија, и покрај се’ и после се’, ние Македонците велиме: Културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации!

Македонците предлагаат историско македонско-грчко помирување и Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција што ќе ја замени македонско-грчката Привремена согласност од 13 септември 1995 година! Простуваме, ама не забораваме!

Како и со сите, така и со Грција, Македонија мора да се придржува на основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност, што подразбира взаемно почитување и разбирање, соработка по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи и реципроцитет во меѓусебните односи!

Во таа смисла, најостро ја осудуваме реториката на грчкиот премиер Алексис Ципрас на заедничката прес конференција со македонскиот премиер Зоран Заев на маргините од Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, одржана на 24 јануари 2018 година, со обвинение за македонски национализам и иредентизам и барање за промена на името на државата за домашна и меѓународна употреба!

Добрососедството со Грција не значи денационализација и асимилација на Македонскиот народ! Не станува збор за македонски иредентизам, туку за грчка окупација врз Македонија и геноцид врз Македонскиот народ од Балканските војни кои траат до денес! Иредентизам не е љубовта кон својот роден крај од каде што Македонците со етничко чистење насилно се прогонети во Првата и Втората Балканска војна, Првата и Втората Светска Војна и Граѓанската војна во Грција!

Ја потсетуваме Атина дека Меѓународниот суд на правдата во Хаг по тужба на Македонија, на 5 декември 2011 година едногласно одлучи дека Грција ја прекршила македонско-грчката Привремена согласност од 13 септември 1995 година! Меѓународниот суд на правдата во Хаг ги отфрли обвинувањата на Атина за постоење на македонски иредентизам! ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Не се оттргнавме од прегратките на Белград, за да се фрлиме во скутот на Атина и Софија, туку да бидеме суверена и самостојна држава Македонија!

Почитувани, партиите и власта се менливи и минливи! Само државата и нацијата се вечни и остануваат! И затоа, предупредувањево до партиите: Ако ја продадете државата и нацијата, ќе ја изгубите власта! А, договорите под притисок и со насилство никогаш и никаде во светот не важат, засекогаш ќе бидат ништавни, но ќе останат трајно сведоштво за Вашата корупција и велепредавство! Ќе ве ловат како Симон Визентал нацистите по светот! Ќе завршите со конфискација на целиот имот и во затвор доживотно! Нема да избегате од судот на народот и правдата, нема место на Земјава каде ќе се скриете! Вечно ќе останете велепредавници со се' вашите фамилии! Затоа што велепредавството не е демократија, велепредавството е злосторство против човештвото и геноцид врз Македонскиот народ, тешко кривично дело што никогаш не застарува!

Обединети сме против двојазичноста на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи! Обединети сме против Договорот за ревизија на историјата со Бугарија! Обединети сме против референдум, промена на Уставот и ратификација на меѓународен договор заради промена на името! Обединети сме во барањето за итно ослободување, сега и веднаш, на сите притворени и осудени за настаните во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година и на Едмонд Темелко! Обединети сме: Доколку овие барања Владата не ги испочитува, Собранието да се самораспушти и да се организираат вонредни парламентарни избори во Македонија! Повикувам на семакедонско помирување и обединување во единствениот Светски Македонски Конгрес како неформален Светски парламент на Македонците во целиот свет, затоа што во единството е силата! Не се собравме исплашени од велепредавството, туку храбро да им дадеме до знаење на велепредавниците да не си играат со народот!

Денес сме обединети во светот и во Европа. Во исто време, има протести пред Обединетите Нации во Женева, Швајцарија, во Париз, во Франција, во Асти, во Италија и пред Мисијата на Европската Унија во Лондон, во Велика Британија! Наскоро ќе има протести и во Сиднеј и Мелбурн во Австралија и во Торонто, во Канада, како што имаше во Вашингтон и Њујорк! Да се подготвиме, за голем протест во Македонија! И за крај: Македонската света земја којашто Вие со македонска крв ја окупиравте, не Ви ја продадовме, ниту Ви ја подаривме. Таа никогаш нема да биде Ваша! Чувајте ја, почитувајте ја, сакајте ја, обработувајте ја, но знајте, дека утре, кога Вашите деца ќе си играат, во секое поточе, во секоја река, под секое дрво, под секој камен, живеат духовите на нашиот древен народ македонски. И наскоро, многу побргу отколку што Вие можете и да си помислите, духот на семоќниот наш Врховен Бог Македонски - Македон, ќе слета над оваа земја и со својот здив ќе ги откорне плитко закопаните коски на Вашите мртви претци и ќе ги исфрли преку Синото, Белото и Црното Море, во Азија и Африка, онаму од каде што дошле, а нашето семе како Феникс повторно ќе никне на својата света земја Македонија! Бог со нас Македонците и сите Македонци еден за друг! Да живее Македонија!

Рече претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров.

https://www.facebook.com/mane.jakovleski/media_set?set=a.10204470252352693&type=3&pnref=story

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.