Среда, 31 Јануари 2018    PDF Печати Е-пошта
ЛА ТАЈМС: АЛЕКСАНДАР НЕ БИЛ ГРК

aleksandar-spomenik-skopje

„Александар Македонски е првата глобална славна личност: херој, супермен и, како што самиот си верувал, Бог" - вака почнува текст во ЛА Тајмс, за ликој којшто е каменот (или повеќе бронзата) на сопнување помеѓу нас и нашиот јужен сосед. Не дека тие во моментов немаат поголеми проблеми од тоа чиј е Аце, кого на времето и онака не можеле да го смислат.

Новинар на споменатиот весник се обидува да направи избалансиран текст, наведувајќи ги аргументите на обете страни за тоа чиј е копирајтот над ликот и делото на големиот Воин. Но еве што вели тој за неговата посета на Скопје и главниот „грев" на Александар, заради кој Грците на времето не можеле да го прифатат како свој, а сега се тепаат за него:

На почетокот на пролетта оваа година го посетив Скопје, главниот град, пристигнувајќи на аеродромот нападно именуван како Александар Велики. Во зградата се соочив со првата од големиот број статуи на Александар на коњ, пред возењето кон градот по автопатот (не даваме награди за точна претпоставка) - Александар Велики.

Во пешачкиот центар, Александар, прикажан уште еднаш на неговиот омилен Букефал, е искачен на имитација на римски победнички столбови, опкружен од македонската фаланга со нивните специфични долги копја, сариси. Подолу, во перспектива, татко му на Александар, Филип Втори, стои на сопствен столб со тупаница подигната во моќен поздрав. Постои и бизарна сцена која потсетува на божикна, во која младиот Александар е задоен на градите на неговата мајка, Олимпија, како и рељеф на мајката, таткото и синот-светски освојувач.

Не е за изненадување што Грците се вознемирени од овој историски симболизам. Но нивната позиција не е толку силна колку што може да изгледа; всушност е малку чудно да се тврди дека Александар е ексклузивно грчки.

Секако, и родното место на Александар, Пела, и Вергина, локацијата на гробот на Филип, лежат внатре границите на модерна Грција, но од друга страна, древната македонска држава во времето на Александар се протегала многу подалеку од овие граници, и вклучувала дел од денешна Република Македонија, широка област на Балканот и, на крај, поголем дел од западна Азија.

Александар бил добро образован, делумно благодарејќи на Аристотел, во грчката мито-поетска традиција, и се вели дека спиел со примерок од Хомеровата Илијада под перница. Сепак изгледа дека зборувал на домороден, усен македонски јазик, кој немал своја книжевност, како и на грчки.

Херодот, кој пишувал во петиот век п.н.е бил убеден „дека овие Македонци...се Хелени како што самите велат". Но неговата конструкција сугерира жива дебата, веројатно дури и контроверза. Секако, древните извори многу пати прават разлика помеѓу грчките и македонските војници.

Како што објаснува оксфордскиот класичар Робин Лејн Фокс во неговата книга за Александар: „Македонските кралеви долго тврделе дека се со грчко потекло, но Грците не биле убедени од инсистирањето на северњаците, а Филип за нив не е ништо подобар од странски аутсајдер".

Античките Грци не можеле да се договорат меѓу себе дали Македонците се Хелени. Зошто, тогаш, денешните тврдат со толкава жестина дека Александар бил Грк?

Единственото нешто што е без сомнение во оваа меѓународна расправија е реалната вредност на наследството на Александар. Тој секако имал амбиција, стил и голем воен ум, но во суштина бил касап кој, при крајот на неговиот живот, ја загубил врската со реалност. Си го убил пријателот, генералот Клит Црниот, на вечера, а потоа жалел за стореното.

Освен тоа, Александар во западниот крвоток ја внел опасната идеја за „божествен крал". Убеден дека е син на Зевс, тој барал да биде обожуван како бог. Со тоа ја прекршил со векови долгата традиција на Грците на поделба помеѓу смртници и бесмртници.

Прашањето дали бил Грк или квази-Грк може да биде бескрајно дискутирано. Она што е сигурно е дека прекршил една добра грчка идеја.

автор: Лук Слатери

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.