Петок, 02 Февруари 2018    PDF Печати Е-пошта
Или ЕДИНСТВО или САМОУБИСТВО!

Отец Ивица Тодоров: Или ЕДИНСТВО или САМОУБИСТВО!

alt

Драги мои Македонци и Македонки,

Ние во моментот сме најподло ставени во игра на САМОУНИШТУВАЊЕ, односно, во процес на САМОУБИСТВО, или уште поедноставно – треба сами да си пукаме во глава за убиецот да остане невидлив и невин, а целта да биде остварена!

Едноставно, само малку размислете за реалноста во која се наоѓаме за да ви стане јасно дека сме ставени во улога на САМОУБИЦИ!

Имаме ли шанса да не се САМОУБИЕМЕ?
Имаме, и тоа голема!

Времето работа за нас! Времето на нео – квази – либералните тоталитаристи одминува, а на реалната суверена патриотска демократија – ДОАЃА!

Потребно е мудро да се издржи притисокот без „паѓање“ на провокации, без говор на омраза, без непотребно губење на енергија!

Потребно е сериозно ЕДИНСТВО на сите кои се за Македонија без разлика на партиска, верска или идеолошка основа!

Без разлика дали си член на оваа или онаа партија, без разлика дали си верник, неверник, лев, десен, неопределен – ПРИКЛУЧИ СЕ, не спиј ти!

Потребна е МАСОВНОСТ, СВЕСНОСТ и БОРБА со факти и аргументи на сите полиња, од личен разговор преку медиуми од секој вид до алармирање на светската објективна јавност за тоа дека лажните либерали, а докажаните тоталитаристи не притискаат да бидеме САМОУБИЦИ, односно сами од „СУМ“ да си пресудиме да бидеме „НЕ СУМ“!

Потребна е сета енергија на македонскиот народ и на сите одговорни граѓани на РМ, а ОСОБЕНО на одговорните и неуценетите политичари да се НАСОЧИ кон НЕИЗГЛАСУВАЊЕ и НЕПРИФАЌАЊЕ на НЕУСТАВНИОТ и уништувачкиот за Македонците закон за употреба на албанскиот јазик на целата територија на РМ.

Со овој закон се КРШИ државотворната кичма на РМ, а со промена на името се ГУБИ суштината на тоа што сме.

Ако, не дај Боже, помине законот за јазиците и се смени уставното име на државата тогаш Македонците ќе станат ЛЕШ СО СКРШЕНА КИЧМА! Од „СУМ“ ќе мора да преминат во „НЕ СУМ“!

Затоа ВО БОРБА македонски народе, во последната битка од војната за Македонија и Македонците!

Имаме голема шанса да победиме затоа што вистината и правдата се на наша страна, а и времето работи за нас!

Потребно е само ЗАЕДНО, ОБЕДИНЕТИ и МУДРО да го издржиме ударот на подлоста и предавството за потоа сите да се радуваме на новото СОНЦЕ НА СЛОБОДАТА што ќе изгрее од срцата на денешното поколение Македонци!

ЗАЕДНО, ОБЕДИНЕТИ и МУДРО само напред за своето да го одбраниме, за пред Бога да станеме народ прав, за пред претците да не се посрамиме, а идните поколениа
да не спомнуваат со крената глава!

И се разбира, во БОРБА за да можеме слободно и достоинствено во очи на сите да им кажеме: „ЈАС СУМ тоа што СУМ Македонец/Македонка!“

Зашто да „СУМ“, да „БИДЕМЕ“ од Бога ни е дарувано и тоа НИКОЈ не може да ни го одземе!

Пишува: Презвитер Ивица Тодоров, свештенослужител во МПЦ-ОА

Превземено од Јавно

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.