|
||||
МИРЕН ПРОТЕСТ ВО ФРАНКФУРТ НА 3 ФЕВРУАРИ |
Македонската заедница во Франкфурт на 3 февруари 2018 година (сабота) со почеток во 12.00 часот организира протест на плоштадот Гете во Франкфурт (Frankfurt Goetheplatz) со цел да се сврти вниманието на Европската Унија кон Македонија и Македонскиот народ. Од плоштадот Гете Македонците на мирниот протест ќе продолжат со марш по булевар Kaiserstrasse до новата Железничка станица. Истиот ден во Франкфурт се организира протест и на Грчката заедница со пораки против Македонците и “Македонија е една и грчка“. Организаторот апелира учесниците на протестот да не носат партиски знамиња, туку семакедонското сонце и државното знаме на Македонија! - Да останеме обединети и единствени за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, - порачува организаторот на мирниот протест во Франкфурт. Организаторот очекува на мирниот протест да учествуваат повеќе Македонци од околината на Франкфурт и ширум Германија. МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ФРАНКФУРТ |