|
||||
СЕМАКЕДОНСКИ ПРОТЕСТ ПРЕД МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО КАНБЕРА! |
СЕМАКЕДОНСКИ ПРОТЕСТ ПРЕД МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО КАНБЕРА! МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО АВСТРАЛИЈА 13 февруари 2018 година, Канбера, Австралија - На 18 февруари 2018 година (недела) во 12.00 часот, Македонската заедница во Австралија организира мирен протест пред Амбасадата на Република Македонија во Канбера, за одрбана на името на државата и идентитетот на нацијата. Македонците во Австралија бараат: (1) безусловен крај на разговорите за името Македонија со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија; (2) повлекување на Законот за употреба на јазиците; (3) повлекување на Договорот Заев-Борисов; и (4) итно ослободување на притворените и осудените за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година и на Едмонд Темелко. Барањата ќе бидат доставени до Претседателот, Собранието и Владата на Република Македонија, како и до странските амбасади во Македонија. Македонците во Австралија отфрлаат референдум, ратификација на меѓународен договор и промена на Уставот со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата! За учесниците на протестот има организиран автобуски превоз од Сиднеј, Волонгонг и Њукасл. Дополнителни информации можат да се добијат во македонските организации или испратете порака на страната на настанот #WeAreMacedonian. Амбасадата на Република Македонија се наоѓа во Канбера, на 25 улица Кобабада, О'Мали ACT 2606. --------------------------------------------------------------------------------------------------------------- On Sunday, 18 February 2018 at 12:00pm, Macedonians from around Australia will meet at the gates of the Embassy of the Republic of Macedonia in Canberra, in defence of our fundamental human rights to self-determination and to protect our Macedonian name, identity, language, history and culture. Buses are being organized from Sydney, Wollongong and Newcastle. Please contact your respective organizations for further information or send a message to the #WeAreMacedonian event page. Address: Embassy of the Republic of Macedonia, Canberra, 25 Cobbadah Street, O'Malley ACT 2606. For our Victoria Macedonians please message us for more information on how you can get involved as well. |