|
||||
ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ, ЗАЕДНО СМЕ ПОГЛАСНИ |
Непартиското и граѓанско глобално движење #НиеСмеМакедонија ве поканува на СВЕТСКИ ПРОТЕСТ под мотото #ДостаБеше на 4ти Март 2018 година. 14 локации низ светот ќе протестираат заедно со Македонците во Македонија: во одбрана на нашето право на самоопределување и заштита на нашиот Македонски идентитет. Светскиот протест ќе започне на 3ти Март во Вашингтон, Малме, Шведска и Франкфурт, Германија; ќе продолжи на 4ти Март во Мелбурн, Перт, Сиднеј и Брисбејн во Австралија и Окланд, Нов Зеланд и ќе кулминира во Холандија, Англија, Италија, Малта, Чешка и Словенија со вклчување во живо на плоштад Македонија во Скопје, Македонија. Поканете ги своите семејства, роднини и пријатели и бидете дел од овој историски настан. Македонците низ светот го креваат својот глас за Македонија. Едно Име Македонија Еден Јазик Македонски ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ, ЗАЕДНО СМЕ ПОГЛАСНИ И затоа: Ве покануваме, Во недела на 4-ти Март, во 13 часот, да излеземе масовно на Плоштадот Македонија, во Скопје. Да пееме за татковината и да го кажеме својот став: #НашетоИмеЕНашеПраво Гласно да кажеме дека ги поддржуваме ставовите во Отвореното писмо упатено до политичките лидери: ,,Шчо напраифме и шчо требит да направиме за однапред" Македонската Дијаспора За Македонија п.с. Детални информации на страната:We Are Macedonia |