|
||||
НА 4 МАРТ ПРОТЕСТ ЗА ИМЕТО НА ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА! |
НА 4 МАРТ ПРОТЕСТ ЗА ИМЕТО НА ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА! Во организација на глобалното движење “Ние сме Македонија“ на 4 март 2018 година со почеток во 13 до 15 часот, на плоштадот Македонија во Скопје, се организира мирен потест под истото име. Организаторот ќе прочита декларација за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, по што ќе следат македонски народни и забавни песни. Во организација на македонските заедници во светот, во исто време и во истиот ден мирни потести за одбрана на името на државата и иденитетот на нацијата ќе се одржат во Холандија, Шведска, САД, Австралија, Нов Зеланд и Велика Британија. На видео бимот поставен на Стоковната куќа Скопје ќе се следат македонските протести во целиот свет. Сите заинтересирани кои сакаат да бидат дел од СВЕТСКИОТ ПРОТЕСТ на 4-ТИ МАРТ, ВО 13 ЧАСОТ, НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА, СКОПЈЕ има можност да се организираат во своите места на живеење, да ги известат организаторите во порака на https://www.facebook.com/emakedonskipat/ , за да им биде обезбеден бесплатен превоз. СМК |