Понеделник, 05 Март 2018    PDF Печати Е-пошта
Не е срамно да ја сакаш Македонија

altПишува: Силвија Манговска

Не смејте ѝ се на дијаспората, не е срамно да ја сакаш Македонија

Во емотивен текст за односот на Македонците кон дијаспората и кон својата земја активистот за човекови права Силвија Манговска им пишува на сите што на нашинците во светот им го одземаат правото да се борат за својата земја.

Манговска пред неколку години по долг престој во САД се вратила да живее во Охрид.

sidnejСамо Македонците знаат саркастично да си ги исмејуваат своите македонски „сељаци“ од странство кои што си ја сакаат својата земја од која што биле приморани да се иселат. Се отселиле пред 30-40 или 50 години од истите како и денес проблематики – немање работа и неубава политика – за Петко и Трајко или Ариф зошто нивните родители од село не можеле да си ги школуваат своите деца со плата од фабрика (Истото им се случи на македонските Албанци и македонски муслимани кои масовно се иселија, им ги гледате празните убави нови куќи во Западна Македонија)

СеЉанец не можел туку така да добие било какво работно место в град освен ако не бил докажан комунист….(Комунистите ги згаснаа селата одамна, се сеќавате на приказните на вашите дедовци?)

Оставете ги Македонците од дијаспората да си прават, слават и протестираат онака како што можат и сакаат па макар звучело и траги-комично; Сакале вие да го признаете тоа или не тие ни се најзвучните амбасадори за земјава, за името и постоењето. Бездруго вие и онака тоа не би го сториле зошто е срамота да навивате за државата…..Не е in. Но затоа си постојат државници, за лобирање за доброто на државава, за жал никој од нив нити ги бивало нити пак се потрудиле да го сторат тоа. Нашата држава никогаш немала надворешна политика во корист на Македонија. Секогаш била равна на 0 од не знаење и незаинтересираност.

Дали сте виделе Грк, Албанец, Косовар или Бугарин да си ги исмејува своите “сељачишта” од дијаспората? Јас никогаш. Дел од нив дури тврдат дека нашите “сељаци” си се нивни граѓани. Си ги сакаат за свои. Ви текнува? Тие широко гради, а вие тесно гради. Цццц за срамота.

Сум видела наши државници (еден пример, во Калифорнија) надмени, во скапи одела со рацете в џеб еден до друг божем сите останати лепрозни, а дојдени да ја молат македонската “сељандурија”/дијаспора за гласови – никогаш не ги видов да бидат човечни, непосредни или љубезни. Извештачени хиени.

Додека читате портали од полуписмени новинари или вести од “определени” новинари – за тоа како Боге го виел знамето од Кутлеш на фејсбук, Алексо си го истетовирал Александар, Стефани го нацртала пропелерот на образите….. заборавате дека покрај нив постојат прекрасни, благородни луѓе кои направиле многу за државата но никој за тоа нормално не сака да пишува. Кога саркастично јавно ја повикувате македонската дијаспора “што сте направиле за Македонија?” што сакате од нив поточно?!? Многу понудиле помош но биле испратени во “мајчина” од вас кафич муабетчиите со “Ако не ти одговара нечистотијава шо не си одиш назад?!” Или “Дојдовте овде памет да ни солите”……Многу од нив праќаат пари за најблиските дома за да можат да преживеат. На годишно ниво тоа е голема бројка, сепак никој за тие бројки не зборува. Но вие сте се запнале за она популарното (Јас ќе дам $2 за Македонија!) А зошто па да даваат?! Многу дале или вложиле во илијадници и милиони – нашата држава им ги стопи, украде и на тој начин повторно избрка нашите, можеби не премногу но доволно богати Македонци. Знаете колку велат “никогаш повеќе нема да вложам во Македонија”. Заради тоа никогаш нема ни да се вратат.

Имаме одлични интелектуалци во странство за кои што кога би се пишувало кај нас за нивните достигнувања – мислам дека не би останале рамнодушни. Додуша, ќе ви проработи малце гордоста но веднаш ќе ја замените со вашиот познат сарказам и цинизам. А, да ги повикавте можеби на едно интервју па после да се проширеше по социјалните мрежи? Не, кај нас е право уживање воајеризмот, а после пљукање по селфијата и порциите од рестораните. Вас успехот туѓ, а воедно и наш не ве тангира, нити инспирира, напротив ве потиштува.

Феномен или не, само во Македонија е срамно да си националист и да си го сакаш својот народ и својата држава.

Иако мојата интимна химна би била Imagine на Lennon, текстов го напишав во име на сите наши луѓе на кои што душата им плаче да можат да се вратат и достоинствено да живеат во државава но не смеат, во името на моите дедовци печалбари, во името на моите родители кои од кога се вратија од Шведска ( за љубовта према Охрид и своите) не можеа да добијат работа 4 години после тоа, за борците за слобода, во името на сите нас кои што сме жртви на нечии хирови и глупавоста која е неизлечива болест наша насушна.

EXPRES.MK

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.