Иванов го урна трудот на ДУИ и СДСМ - Законот за јазиците може да остане само стара хартија
Големи се шансите законот за јазиците да биде само стара хартија во кабинетот на Претседателот Иванов. По најавата дека и покрај обврската нема да го потпише указот за прогласување на законот бидејќи бил донесен во постапка спротивно на Уставот ова законско решение на СДМ и ДУИ најверојатно никогаш нема да влезе во правниот промет.
Според членот 75 од Уставот, Иванов е должен да го потпише указот за прогласување на Законот за јазиците бидејќи веќе го искористи правото на суспензивно вето, но не е пропишан рокот во кој треба да го стори тоа. Ова ја отвора можноста законот воопшто да не биде објавен во Службен весник што пак значи дека не може да почне да се применува. |