|
||||
КОИ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВЛАДЕЈАЧКОТО МНОЗИНСТВО НЕ ГЛАСАЛЕ? |
КОИ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВЛАДЕЈАЧКОТО МНОЗИНСТВО НЕ ГЛАСАЛЕ? Морачанин, Мухиќ, Поповска, Туфегиќ и Ковачев не гласаа за Законот за употреба на јазиците Според собраниските листинзи за вчерашното гласање, пратениците од СДСМ и коалицијата Маја Морачанин, Ферид Мухиќ, Ивана Туфегиќ, Лилјана Поповска и Тања Ковачев не гласале за Законот за употреба на јазиците. За законот не гласал и Зијадин Села, лидерот на Алијансата за Албанците. Сппоред листингот и Африм Гаши од БЕСА не гласал, но тој реагирал тврдејќи дека гласал „за“. Мендух Тачи, лидерот на ДПА не беше присутен во Собранието на вчерашната седница. Независните пратеници Чедомир Саздовски и Амди Бајрам гласаа за овој закон. |