|
||||
ОМД ја информира јавноста дека ги прекинува сите комуникации со сегашната влада на Р.Македонија |
ОМД бара импичмент на Талат Џафери и колективна оставка на владата и владината коалиција Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) најостро го осудува неуставното и собраниското отстапување од деловникот при донесување на законот за јазици, и притоа повикува на поништување на истото. Воедно, ОМД ги повикува политичките субјекти кои се произнесоа против законот за употреба на јазиците, да поднесат собраниска иницијатива за импичмент на и така незаконски избраниот Претседател на Собранието, Талат Џафери. ОМД ја информира јавноста дека од 14ти Март 2018та година, ги прекинува сите комуникации со сегашната влада на Република Македонија и пратениците кои гласаа за законот за употреба на јазиците, и јавно се оградува од било каква идна соработка со оваа владина структура која наместо да ги штити, штети на националните интереси и ја загрозува унитарноста на државата. ...Денес, пратениците на СДСМ, слепо водени од партиските интереси,заборавија дека се избрани да го бранат демократското уредување и Уставот на Република Македонија. Заборавија дека Парламентот е гранка од системот што служи за демократска дебата и каде се спречуваат, а не креираат противуставни закони. Заборавија дека се Македонци. Денеска овие пратеници свесно згазија врз идеалите на Илинден и АСНОМ и сите жртви положени за независна Република Македонија. ...ОМД ја поздравува правовремената реакција на Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, да не го потпишува овој закон, и го повикува да ги искористи сите средства во одбрана на Македонските национални интереси. Го повикуваме Македонскиот народ во државата да го искористи своето демократско право на мирен протест како начин за искажување на незадоволство кон политиките на владата и Парламентот на Република Македонија. Неминовно, ОМД го повикува Уставниот Суд на Република Македонија во најкраток можен рок да се произнесе по основ законот за употреба на јазиците, чија Собраниска постапка преку оневозможување на јавна расправа по повод поднесените амандмани го прекрши Уставот на Република Македонија. Согласно случувањата кои претставуваат преседан во основите на демократијата, ОМД апелира на истрага при која сите вклучени во денешното газење на Уставот ќе одговараат кривично пред законот. |