|
||||
Ние немаме потреба да преговараме за името Македонија |
Ние немаме потреба да преговараме за да имаме државното име које ќе се разликува од провинција или регионот во Грција. Името на држава е правен идентитет на еден меѓународно-правен субјект, а Македонија е име на грчката провинција и ова не е меѓународно-парвен субјект. Се работи, значи за две различни КАТЕГОРИИ имиња! Имено регионот Македонија или провинција со назив Македонија не е исто име како Република Македонија. Република Македонија е правен идентитет на меѓународно-правно лице, а региони и провнции ги немаат тие правни белези и никој неможе да се повикува на фактот дека меѓународното лице које носи идентитет Република Македонија има каква било правна релација со град, регион, провинција или покрајина во која било друга држава или дека некое локално право се доведува во прашање. Името на провинција, па и на некоја федерална единица во некоја друга држава нема правно релевантна релација со било које државно име и неможе да се застапува тврдењето дека се работи за исти имиња. Исто така и во врска со територијата: 1) Република Македонија се однесува на правно и политички дефинирана територија, која е различна од регионот Македонија кој не е меѓународнo правен субејкт; 2) Република Македонија е име на меѓународнo правен субјект со јасно дефинирани граници; и конечно треба да се повтори 3) Во 1992 година Република Македонија аплицирала за членство во ООН како држава со јасно дефинирана територија. (Суверенитетот на Република Македонија се однесува не само на правно дефинирана територија (територијална јурисдикција), туку и на народот односно граѓаните кои живеат на таа територија и се под јурисдикција на државата Република Македонија.) Проф.Др.Игор Јанев |