Четврток, 22 Март 2018    PDF Печати Е-пошта
Со враќањето на правната држава и демократијата ќе одговараат за своите дејствија.
alt

СДСМ не смее да си поигрува со македонската историја, култура и традиција

Соопштение до јавноста - реакција на соопштението на Министерство за култура

СДСМ во минатото, а и сега покажува дека не само што не се грижи за македонското културно наследство, традиција и историја, туку и дека е спремна со истите да тргува.

Формирањето на работна група за проценка за потребата од постоење на Музејот на македонската борба за државност и самостојност, Музеј на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација и Музеј на жртвите од комунистичкиот режим е погазување на илјадниците херои, кои без размислување ги дадоа своите животи за слободна и независна држава.

Во Работната група, согласно нивните стручни компетенции, нема ниеден член кој е посебно стручен за проценка на историски музеј, кој третира содржина од 19 и 20 век.

ВМРО-ДПМНЕ прашува според кој закон, правилник или други општи акти поврзани со дејноста од културата и заштита на културното наследство е формирана Работна група за преиспитување на општествената и стручна оправданост за постоењето на овој музеј.

Наместо уништување, граѓаните од СДСМ очекуваат да почне со спроведување на реформите и проектите кои ги вети, а кои не ни почнале да ги реализираат. Граѓаните се разочарани и безнадежни. СДСМ ја зароби државата, а граѓаните и економијата се жртва на неспособноста која се обидуваат да ја прикриваат со деструкција.

Доколку СДСМ не ја гледа причината за постоење, ние ќе им појасниме:

- Музејот на ВМРО и Музеј на жртвите од комунистичкиот режим е институција која го отсликува периодот на македонско национално будење, формирањето на македонската револуционерна организација, меѓу воениот период, антифашистичкото движење и периодот на прогон на Македонците со јасно изразена македонска мисла, во периодот по Втората Светска Војна. Овој музеј е споменик за сеќавање на илјадниците млади и прерано згаснати животи, кои своето дело го положиле на олтарот на татковината.

-Музејот е потсетување на ѕверствата и тортурата кои биле вршени врз македонските интелектуалци и родољуби после Втората Светска Војна. Кои се одраз на едно недемократско уредување, кога секој со јасна македонска мисла беше цел на тортура од системот.

- Музејот служи за запознавање, едукација и образување на идните генерации, за историјата на државата и мачниот пат до независноста.

Како генерација Македонци, сме должни да им одадеме должна почит, на сите великани кои учествувале и дале свој придонес за Република Македонија каква што е денес, слободна и независна.

ВМРО-ДПМНЕ апелира дека музејот и неговата содржина се нераскинлив дел од македонската национална меморија. СДСМ не смее да си поигрува со македонската историја, култура и традиција. Уште еднаш порачуваме дека се што ќе биде урнато, срушено или уништено од оваа власт, по враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт повторно ќе биде обновено.

Сите претставници на власта, кои сега се чувствуваат охрабрени од моменталната манифестација на власт, и не ги почитуваат законите, мора да знаат дека со враќањето на правната држава и демократијата ќе одговараат за своите дејствија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.