Четврток, 22 Март 2018    PDF Печати Е-пошта
Законот за двојазичноста не смее да се дозволи да стапи во сила

Уставот мора да се почитува, без потпишан указ од страна на Претседателот на Република Македонија нема закон

alt
Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Неуставниот, неприменлив и штетен закон за двојазичност, Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ на сила и шверцерски го истуркаа во Собранието, со флагрантно кршење на законот и деловникот за работа.

Насилието и кршењето на постапките е одраз на заробена и киднапирана држава од страна на Социјалдемократскиот сојуз, кои што охрабрени од власта која ја имаат се стваат над законите. За ваквото самоволие и газење на демократијата, Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ ќе сносат и политичка но и правна одговорност. За Талат Џафери ќе биде покрената и кривична одговорност за непочитување на Уставот и на законите на Република Македонија.

Единствената институција која не подлегна на притисоците на Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ и застана во одбрана на Уставот и државните интереси е Претседателот на Република Македонија, господинот Ѓорге Иванов.

Секој обид да биде погазена и институцијата Претседател, ќе повлече дополнителна одговорност за сторителите.

Директорот на Службен весник, доколку се обиде да го објави законот за двојазичност без потпис на Претседателот Иванов свесно ќе стори кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување” по член 353 од Кривичниот закон на Република Македонија. Ова дело не застарува за година, две или три за да може да биде амнестиран од судството на Зоран Заев. Со оглед на тежината на делото и огромните штети по буџетот на Република Македонија кои би ги предизвикало незаконското објавување во Службен весник, ставот 5 од членот 353 предвидува затворска казна од најмалку 5 години.

Македонското правосудство веќе има пракса за постапување во вакви случаи. Уставниот суд во минатото има утврдено дека е неуставен двојниот потпис на Указот од страна на еден од поранешните претседатели на Собранието кога не е исполнет ниту еден од основите предвидени во член 82 од Уставот.

Уставот и законите се јасни, Талат Џафери не смее да си дозволи да го потпише законот за двојазичност на местото наменето за потпис на претседателот Иванов.

Талат Џафери и да го потпише законот на местото наменето за претседателот тоа нема да биде валидно бидејќи тој не може да го заменува претседателот Иванов кога тој во целост си ја врши својата претседателска функција.

Токму затоа директорот на Службен весник смее да си дозволи да го објави законот.

Уставот мора да се почитува. Без потпишан указ од страна на Претседателот на Република Македонија нема закон, а доколку некој се обиде и се дрзне да го прекрши Уставот ќе сноси и соодветна кривична одговорност.

Законот за двојазичноста не смее да се дозволи да стапи во сила.

Законот е неуставен и целосно неприменлив, а последиците ќе бидат огромни и штетни по државата.

ВМРО-ДПМНЕ не го признава овој закон и никогаш нема да го признае.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.