Среда, 28 Март 2018    PDF Печати Е-пошта
Проект за автонимија на Македонија, Албанија, Стара Србија и Одрин од 1902 г. (втор дел)

avtonomska-makedonija-proekt

Во периодот непосредно пред Илинденското востание посебно се ангажира „Македонско-албанската лига" во Лондон. Таа во 1902 година го издава весникот: „L' Autonomie", чијшто прв број излегува на 10 мај 1902 година. Во овој број на весникот е објавен овој „Проект", подготвен од „Комитетот за автономија на Македонија и Албанија. На 4 септември 1903 година на Фории офис во Лондон му се препраќа „Проектот" од името на овој „Комитет".

Во текстот на „Проектот“ од 1902 година на Комитет за автономија на Македонија кој овде ви го пренесуваме во целост стои:

Проект за автонимија на Македонија, Албанија, Стара Србија и Одрин

Член 1

Наместо вилаетите Солун, Битола, Косово, Одрин, Скадар и Јанина, ќе се формираат четири провинции, една од кои ќе го носи името Албанија, и другите: Македонија, Стара Србија и Тракија. Овие провинции ќе останат под директна политичка и воена власт на Неговото Царско Величество Султанот, под услови на административна автоnoмија,

Член2

Во провинцијата Албанија ќе влезат териториите од вилаетите Скадар и Јанина; во провинцијата Македонија: вилаетите на Битола и Солун; во провинцијата Стара Србија вилаетот Косово; и во провикцијата Тракија вилаетот Одрин.

ЧленЗ

Неговото Величество Султанот ќе има право да се грижи за одбрана на границите на четирите провинции од копно и од море, бранејќи ги овие граници и чувајќи ги со војска.

Внатрешниот ред во секоја провинција ќе го одржува една меѓународна полиција, потпомогната од месна милиција.

Во составот на домашната полиција и месната милиција ќе се води сметка за различните краишта, за националноста и религијата на населението.

Регуларните турски војски определени за пограничните гарнизони не ќе можат во никој случај да бидат на стан во куќите на населението.

При преминувањето низ провинциите војските не ќе можат во нив да се задржуваат.

Член4

Еден Висок комесар од европско потекло и националност ќе биде назначен од шесте Големи сили за период од три години. Тој ќе има за одржување на внатрешната безбедност во четирите провинции едно тело од меѓународна полиција.

Член5

Еден Генерален гувернер од европска националност ќе биде именуван во секоја од четирите провинции од Високата Порта со согласност на Силите за време од пет години.

Член 6

Ќе биде формирана Европска комисија, која ќе биде помагана од домашна делегација составена од претставници избирани од народот, спрема различните националности и религии.

Комисијата во согласност со Отоманската Порта ќе работи врз организацијата на четирите провинции.

Оваа Комисија во период од шест месеци ќе ги определи границите помеѓу четирите провинции, правата и должностите на генералниот гувернер, како и административниот, судскиот и финансискиот режим на четирите провинции, земајќи ги под внимание прописите формулирани од меѓународната комисија, која се состана во Цариград во јуни 1880 година, имајќи ги предвид религиозните слободи во сите култови и во согласност со принципите на еднаквоста пред судските и административните власти, слобода на јазиците на кои зборува населението во четирите провинции.

Сите мерки определени за овие провинции да бидат потврдени од еден царски ферман прокламиран од Високата Порта а кој треба да им биде предаден на Силите.

Член?

Комисијата ќе биде натоварена да ја врши автономната управа во четирите провинции за усовршување на новата организација.

За таа цел ќе се собере еден окупационен корпус од 45.000 луѓе разделен на четири пешадиски дивизии и една коњичка дивизија од меѓународни војски, доброволно регрутирани, со европски офицери и луѓе под командата на генерали што и припаѓаат на една од неутралните држави во Европа.

Овој окупационен корпус ќе се издржува на местен трошок. Времетраењето на окупацијата ќе се фиксира со времетраењето на работата на Комисијата и од потребата за одржување на внатрешен ред. Потоа ќе се редуцира на половина и ќе остане под називот меѓународна полиција, под распоредба на Високиот комесар.

Член 8

Неговото Царско Величество Султанот ќе преземе мерки, додека се формира окупациониот корпус и додека Комисијата ја започне својата работа, за повлекување на сите војски, како регуларни така нерегуларни, освен оние што се потребни за гарнизоните на граничните фортификации споменати во членот 3.

Член9

Изборите за месната делегација споменати во членот 6 ќе се одржат петнаесет дена по евакуацијата на територијата од страна на турските војски спомената во членот 8.

Член 10

Сите меѓународни договори, конвенции и аранжмани од каква било природа склучени или што ќе се склучат од Портата со странските сили, ќе се воведат во овие четири провинции на ист начин како во Отоманската империја.

Сите имунитети и привилегии од каква било природа, што се стекнати за странците, ќе се респектираат во овие провинции.

Член 11

Сите права и облигации на Високата Порта што се однесуваат до железниците ќе бидат стриктно зачувани.

Член 12

Четирите провинции ќе преземат еден дел од јавниот отомански долг, и ќе го приложат за Цивилната листа на Неговото Царско Величество Султанот и за Царската војска и за буџетот на флотата. За ова ќе реши Комисијата во согласност со Портата, и врз еднаква база ќе се означи сумата за придонес. (L'Autonomie 1 (10 Мај 1902), 1 - 2; Further Correspondence respecting the Affairs of South, Eastern Europe March –September 1903. Turkey. No 1 (1904). 1904, р. 309-310).

На 10 мај 1902 го­ди­на из­ле­гол пр­ви­от број на ор­га­нот „Л’ Ау­то­но­мие“, од кој из­лег­ле пет бро­ја. Вес­ни­кот из­ле­гу­вал два­па­ти ме­сеч­но, со мо­то Ма­ке­до­ни­ја на Ма­ке­дон­ци­те, Ал­ба­ни­ја на Ал­бан­ци­те. Спо­ред про­гра­ма­та „На­ша­та цел, на­ши­те идеи се до­би­ва­ње авто­но­ми­ја на Ал­ба­ни­ја и на Ма­ке­до­ни­ја и фор­ми­ра­ње ца­рин­ска уни­ја на си­те со­сед­ни ма­ли зем­ји Цр­на Го­ра, Ср­би­ја, Бу­га­ри­ја и Гр­ци­ја. Си­те овие зем­ји има­ат по­тре­ба од нас и ние од нив. Таа ца­рин­ска уни­ја, ко­ја би мо­же­ла да се ви­ка Бал­кан­ска кон­фе­де­ра­ци­ја, ќе им да­де на Ср­би­ја и на Бу­га­ри­ја при­стап на мо­ре, на Гр­ци­ја бо­га­ти­те рам­ни­ни на Ма­ке­до­ни­ја. И ме­сто Ма­ке­до­ни­ја и Ал­ба­ни­ја да би­дат по­сто­ја­но жа­ри­ште на не­при­ја­телс­тва би мо­же­ле да ста­нат из­вор на бо­гат­ство, на бо­га­та еко­но­ми­ја на со­сед­ни­те зем­ји“.

Но наместо македонско-албанските односи да се негуваат за да донесат мир, стабилност и економски развој за двата народа,  некој во последните две децениии постојано ги потикнува Албанците во Македонија со што се загрозува иднината не само на двата народа туку и на целиот Блкан и пошироко.

(извор: „Документи од борбата на македонскиот народ за самостојност и за нацинална држава“, том први, Скопје 1981, стр. 355 - 359)

Крај

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.