Среда, 28 Март 2018    PDF Печати Е-пошта
Ќе се бара индивидуална одговорност според новите правила и принципи наметнати од СДСМ/СЈО

gruevski

Ако против мене и против други партиски и владини функционери водат истраги и поднесуваат обвиненија за работи за кои одлука донел Парламентот на Република Македонија со гласање закон, како што се прекинот на пописот и договорот за градба на двата автопати, при што за ова второто, за автопатите гласала и СДСМ, каква ли ќе биде одговорноста еден ден за законот за употреба на јазиците кој кога би стапил на сила, освен политички би имал сериозна финансиска импликација на Буџетот, а плус е неуставен и во незаконска постапка и насила „поминат“ во Парламентот. За него сигурно „не разговарале“ и „не го договориле“ Заев и Ахмети...

Па потоа за анексот на договорот за автопатиштата кој го склучија и тоа со компанија која според СДСМ/СЈО незаконски сме ја одбрале.

Па измената на законот за администрација од јануари годинава со која се овозможи СДСМ да го започне проектот за илјадници партиски вработувања, на сметка на државниот буџет. И за тој закон сигурно Заев и другите од власта „не разговарале и не договориле ништо“ , туку законот паднал од Марс директно во Парламентот и се изгласал...

Па за еден куп други владини одлуки и одлуки на Парламентот, за кои ќе се бара индивидуална одговорност според новите правила и принципи наметнати од СДСМ/СЈО, кои можат да се поткрепат, ако не со креирани снимки, тогаш со „два сведока“...
Па тек за името кога ќе дојде.....ќе биде забавно...

Инаку уште не можам да се изначудам и изнасмеам на онаа ептен интелегентна „досетливост“, како јас и Али Ахмети по две години подготовка на пописот, гласање закон за тоа, формирање пописна комисија од 25 луѓе, работа на тие луѓе, сите можни детали во подготовките, баш кога почнал пописот сме се сетиле дека бидејќи имало многу иселени од Македонија, ако дозволиме да заврши пописот ќе се видело колку се иселени и ќе сме загубеле гласачи на избори.

Значи не сме се сетиле на тоа кога се носел законот за попис во Парламент, а по предлог на Владата, ниту низ целиот период на подготовки, ниту на неколку дена или недели пред да почне пописот, туку баш неколку дена откако почнал.

Ваква итроштина може да смисли само обвинител кој обвинителската работа ја гледа исклучиво како „отскочна даска“ за влез во политика и по можност кандидатура за Претседател на државата, за доаѓање до таа цел очигледно некој смета дека треба да се смислат приказни за забава на народот, да се обвинат политичари за да се влезе во политиката.

Никола Груевски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.