Среда, 28 Март 2018    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски бил и ќе остане на страна на народот и на страна на Македонија
alt

За разлика од Заев, Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски бил и ќе остане на страна на народот и на страна на Македонија

Интегрален текст од изјава на Филип Ѓорѓиев

Почитувани,

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски бил и ќе остане на страна на народот и на страна на Македонија, за разлика од Зоран Заев.

Луѓето кои со месеци протестираа против антидржавните политики на Зоран Заев не се и нема да бидат терористи без разлика што судот и јавното обвинителство под притисок на власта сакаат политички да ги гонат и да се изживуваат со нив и нивните семејства.

alt

Стотици илјади граѓани секојдневно протестираа за зачувување на интегритетот и суверенитетот на Република Македонија. Дури и сите да ги уапси, Зоран Заев нема да успее да го згази чувството на патриотизам и љубовта кон сопствената држава. Дури и сите со политичка и одлука да ги фрли во притвор нема да ја убие љубовта кон Македонија.

Зоран Заев и СДСМ немаат капацитет да го разберат ова. Немаат капацитет затоа што Зоран Заев е уценет човек. Зоран Заев мора да прави концесии на штета на националните и државните интереси за да се спаси од одговорноста за сторениот криминал.

Јавноста виде многу слики и видео материјали од тоа како Зоран Заев барал поткуп од бизнисмени. Конечно видовме и пред судот, јавно признание дека Заев бесрамно земал мито од едно евро за него, едно евро за партијата и едно евро за црквата, по метар квадратен.

Со кој кредибилитет Зоран Заев мисли понатаму да ја води државата ? Има ли друг Премиер во Европа за кој со докази е документирано дека барал поткуп? Уште од колку бизнисмени во Струмица е побаран поткуп? Дали Премиерската функција ја користи за да го продолжи истиот принцип на работа?

Зоран Заев веќе нема кредибилитет да биде прв човек на Владата. Ниедна закана, ниеден притвор и ниедна манипулација не може да ја покријат срамната снимка на која што се гледа начинот на кој што работи.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.