Недела, 01 Април 2018    PDF Печати Е-пошта
Нема да дозволам да не навредувате со кратенката FYROM

Ivanov 2Претседателот Ѓорѓе Иванов го откажа интервјуто со светскиот сервис за вести Euronews. Како што информираат од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија на ваков чекор се решиле откако сервисот, интервјуто го промовирал со кратенката FYROM на социјалните мрежи

„Ве известуваме дека македонскиот претседател Иванов го откажува закажаното интервју за Вашиот медиум. Крајно неприфатлива е Вашата употреба на кратенката FYROM во ословувањето на нашата земја, Република Македонија.

Длабоко жалиме што, и покрај покажаната добра волја за соработка од наша страна, не беше прифатено барањето за отстранување на кратенката FYROM при промоцијата на интервјуто на социјалните мрежи, и не беше уважено барањето да се придржувате до уставното име на нашата земја, Република Македонија и до придавките изведени од уставното име на нашата земја – Република Македонија.

Сметаме дека употребата на кратенката FYROM е директна навреда за граѓаните на Република Македонија. Таа кратенка, како што претходно ви укажавме, никаде не се употребува, вклучувајќи го и регистерот на ОН и ви посочивме дека FYROM не е име во ОН, туку референца која никогаш не се користи како кратенка.

Сметавме дека 2 дена се повеќе од доволно разумен рок да ја исправите Вашата груба грешка и како што побаравме, во најмала рака да испратите извинување до граѓаните на Република Македонија.

Ви изразуваме благодарност за искажаниот интерес за интервју со македонскиот претседател Иванов, кое поради наведените причини, нема да го реализираме.“ – стои во писмото кое Кабинетот на Иванов го испратил до EuroNews.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.