Понеделник, 02 Април 2018    PDF Печати Е-пошта
Македонците во Грција побараа македонскиот јазик да стане официјален

alt

Градоначалникот на Овчарани, Панајотис Анастасиадис или Панде Ашлаков

Македонците во Грција побараа македонскиот јазик да стане официјален

Во сите образовни институции (основни училишта и гимназии) во општината Мелити (Овчарани) да се учи на македонски јазик. Сите топографски имиња на територијата на општината да бидат двојазични и сите официјални ознаки на јавните објекти да имаат написи на грчки и на македонски јазик.

alt

Собир на Македонците во Овчарани

Ова се двете главни барања на градоначалникот на општината Овчарани во Грција, Панајотис Анастасиадис, кои се испратени до градоначалникот на Лерин, надлежна општина за регионот Западна Македонија и до министерот за образование. Писмото е испратено на 26 март, а е објавено вчера на интернет страницата на весникот на Македонците во Грција „Нова зора.

Во писмото Панајотис Анастасиадис потсетува дека Грција како членка на ЕУ е потписник на Повелбата за основните права на ЕУ каде во член 21 се наведува дека земјите-членки се должни да ја заштитат јазичната разновидност и да спречат какви било дискриминаторски мерки против нив. Освет тоа, потсетува градоначалникот на Овчарани, земјите членки на ЕУ се должни да го заштитат и да ја поттикнат употребата на малцинските јазици кои се зборуваат на нивната територија дури и тогаш кога тие не се официјално признати.

Дозволете ми, исто така, да ве потсетам дека нашата земја е потписник, но за жал се уште не ја ратификувавме, на Рамковната конвенција на Советот на Европа за регионалните и малцинските јазици. Меѓу другото, оваа конвенција предвидува признавање на овие јазици како израз на културното богатство, почитување на географската област каде што се зборува таков јазик и, особено, олеснување и поттикнување на користење на јазикот во писмена и усна форма, како во јавниот, така и во приватниот живот“, пишува во дел од писмото .

Анастасиадис потсетува дека токму во овој дел од Грција, населението не наидува на добронамерна заштита од државата во однос на употребата на јазикот што го зборуваат. „Граѓаните тука се отсечени од се. Невработеноста расте, а се појавија и одредени феномени како што е Златна Зора, што сите нас, кои сме дел на поинаков јазичен и културен идентитет, не плаши кога гледаме дека Грција со голема брзина се враќа во минатото, минато кое беше полно со бегалци, забрани и страв“.

„Со оглед на сето ова, мислам дека е време да покажеме дека Грција со право се смета за модерна европска држава која ги почитува правата на сите граѓани, без оглед на етничкото или јазично потекло. Како претседател на локалниот совет на Мелити секојдневно добивам по стотина барања на граѓани од поширокиот регион во кои се бара непречено користење на нивниот мајчин, македонски јазик во сите аспекти на јавниот живот. Со прифаќањето на ова барање Грција ќе покаже дека не подлегнува на носталгичните сеќавања на фашизмот и дека гледа напред. Со ова ќе се создадат услови сите оние кои зборуваат на македонски јазик и конкретно со дела, да се почувствуваат дека се дел од оваа држава и нејзини рамноправни граѓани.

Со нетрпение го очекуваме вашиот позитивен одговор да се укинат овие историски, социјални и економски неправди кои, за жал, за одреден дел од граѓаните на Грција трае со децении“, пишува на крајот во писмото Панајотис Анастасиадис, градоначалникот на Овчарани.

МКД

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.