Понеделник, 02 Април 2018    PDF Печати Е-пошта
Македонците во Бугарија се приклучуваат кон кампањата на ММДЧП „Нашето име е Македонија“

1Најновите билборди за „Нашето име е Македонија“ содржат пораки за Македонците во Република Македонија од потчинетите Македонци од Пиринска Македонија, во кои се вели: „Не ми го одземајте името и идентитетот“.

Македонците во Бугарија се приклучуваат кон кампањата на ММДЧП „Нашето име е Македонија“ и бараат веднаш да запрат антимакедонските преговори за името.

„Се мачиме да ги оствариме нашите основни човекови права и да се признае на тоа што сме – Македонци. Бугарија не го признава нашето постоење и нѐпрогонува само врз основа на нашето македонско етничко потекло. Ако Република Македонија го смени името, таа ќе го загрози идентитетот на Македонците од целиот свет. Како што е случајот и со антимакедонскиот „Договор за пријателство“, овој чекор само ќе ѝпомогне на Бугарија во остварувањето на нејзината цел да ги избрише Македонците од постоење“ – изјави Ѓорги Христов главен уредник на македонскиот весник во Бугарија „Народна волја“.

„Дури и ако заборавиме на едноставниот факт дека Грција а ниту некој друг нема никакво право да бара промена на името на Р Македонија, "преговорите" јасно покажаа дека она што Грција сака всушност да го промени е македонскиот идентитет. И Грција и Бугарија во лицето на своите највисоки претставници недвосмислено изјавија дека Македонија може да влезе во Европа но не "македонизмот", поим со кој тие го етикетираат македонскиот идентитет. А за идентитетот и не смее да се преговара“ изјави Иван Сингартијски, Копретседател на ОМО Илинден ПИРИН.

Во текот на последните две децении, Обединетите нации, Стејт Департментот на САД, Европскиот суд за човекови права, Европската комисија против расизам и нетолеранција и Хјуман Рајтс Воч, меѓу останатите, заклучија дека Грција и Бугарија постојано ги прекршуваат правата на Македонците во тие земји и побараа од Грција и Бугарија веднаш да ги признаат своите македонски малцинства. Оваа поддршка се случува зашто Македонците од соседните држави, со помош на ММДЧП, го бранат своето права на постоење и апелираат до меѓународната заедница да ги одбрани нивните најосновни човекови права, во согласност со универзално прифатените и ратификувани конвенции за човекови права.

Стојан Герасимов претседател на Друштвото на репресираните Македонци во Бугарија, кој самиот лежел 5 години затвор заради својата националност повикува: „Македонци во Република Македонија – вие морате да се борите исто како нас. Преќинете ги преговорите за името, а светот во тоа ќе ве поддржи. Бранете се себеси и ќе бидете одбранети. Нашето име е Македонија. Барајте да се почитува и тоа и ќе го добиете

--- Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.