Среда, 04 Април 2018    PDF Печати Е-пошта
Грчки аналитичар: 99 проценти од земјите ќе поддржат Македонија да се вика Република Македонија

mk-mapa

Останувам на ставот дека Грција треба да го признае уставното име на Република Македонија, вели грчкиот новинар и аналитичар Такис Михас, по објавувањето на анализата под наслов „Македонија и Источна Германија“ во која говори за тоа колку се коректни и конзистентни, но и селективни ставовите на грчката надворешна политика.

– Ако направиме анкета во целиот свет и ако ги прашаме сите земји што мислат за прашањето за името, 99 отсто ќе речат дека го поддржуваат мислењето на Македонија да се вика Република Македонија, изјави Михас.

Според него, причината за ваквиот одговор не е ниту оти знаат многу за историјата на Македонија ниту дека им е многу грижа за Македонија.

– Единствената причина зошто би го рекле тоа е стандардната дипломатска практика. Таа стандардна практика значи да го почитуваш името со кое се нарекува владата на една суверена земја. И тоа треба да се почитува, а не дека јас или некој друг е загрижен за тоа која е историјата на Македонија, вели Михас и додава дека тој останува на ставот оти Атина треба да го признае нашето уставно име.

Kонтинуираното одбивање на Грција да го признае уставното име на својот сосед, односно Република Македонија, се темели главно на два аргумента од страна на официјална Атина, пишува Михас во анализата. Првиот е дека ова име не кореспондира со историската и културна реалност, односно дека Македонија била само грчка, и вториот, дека употребата на терминот Македонија од една земја што опфаќа географски дел од Македонија значи експанзионистички амбиции.

Според него, ако овие два аргумента не се однесуваат само на соседната земја, туку се општи правила на грчката надворешна политика, значи дека Грција не признава држави чие име не соодветствува со политичката, историската и културната реалност. Нареден аргумент би бил дека Грција не признава држави чие име содржи експанзионистички ставови, а според власта во Грција, замената на само еден дел од името претставува експанзионистички став.

Михас додава дека треба да се постави прашањето не дали овие правила се коректни, туку дали Грција е конзистентна и дали секогаш се применуваат или тоа се прави селективно.

Kако доказ за селективноста, тој го зема примерот со Источна Германија. Во декември 1973 владата на грчката воена хунта официјално ја признала Источна Германија, откако претходно во 1971 тоа го сторила и Западна Германија.

– Грчките влади ја признаваа ДДР под уставното име Германска Демократска Република, а со тоа се прекршуваат две правила од кои се раководи грчката надворешна политика, наведува Михас.

Тој вели дека се крши едно од правилата бидејќи владата на ДДР не беше демократска, туку државата беше брутална еднопартиска диктатура, која подигаше ѕидови за да го спречи бегството на луѓето. Понатаму се крши уште едно правило, а тоа е дека во овој случај се користи името Германија и тоа од една држава која географски е дел од цела Германија.

– Па зошто Грција го направи тоа? Зошто не побара признавање на ДДР под името „еднопартиска диктатура во Источна Германија“? И зошто тоа го стори и Западна Германија? Зошто Бон не побара промена на името на Источна Германија, како што прави сега со грчка Македонија, пред да ја признае, прашува Михас.

Одговорот е едноставен, бидејќи кога Грција и Западна Германија ја признале ДДР со уставното име се раководеле од стандардната дипломатска практика, што значи признавање на реалноста во која името не содржи територијални аспирации.

– Признавањето на името имплицира единствено прифаќање на фактот дека има суверени права, вклучувајќи го и правото на именување, како што бил случајот со одлуката на Берлин и одлуката на владата во Скопје во случајот со Македонија – додава Такис Михас.

Превземено од ЈАВНО

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.