Недела, 18 Декември 2022    PDF Печати Е-пошта
Простонароден расказ кон житието на св. Никола

sveti-nikola

Од верување до легенда

Стар ет свети Никола. немат место рисјанско кај да се не знајт негоото име и да не се празнуат негојот празник. И комшииве него го имаат за светец. Тие го викаат Ад’рбаба. Едно време позавиделе сите други светци, оти свети Никола на ет толку честен.

Се собрале сите и се згоориле да направат една поплака и да се оплачат Господу за таа свети Николо’а непра’ина, оти сите цркви и зел на свое име, а пак на некои од светците ни името им се знаело. Релчено, сторено. Ја напишал поплаката еден од светците и ошол да ја дајт Господу. Зел Господ сполај му, ја испеал и часокот пратил двајца анѓели да појдат по свети Никола, да му кажат оти имат поплака на него и да го заберат пред себе.

Излегле анѓелите и преглеале порвин на небо, свети Никола тамо го немало. Слегле на земи. Цела ноќ барале кутрите анѓели од црква в црква, немат светец никаде. Пукнала зора и тогај дури одвај едниот анѓел заглеал стреде море една ѓемиа, ломење напраена и готоа да потонит и при неа сам свети Никола. Ошле прао тамо и му кажале оти требат да тргнат со нив, зашто имат поплака на него.

- Аманс луги Божји, прогоорил светецот, елате еден од вас покрепете а гемиава, ја оту пак поможете да ја куртулиме од далгава побрго за да не падните и вие кабаетлии со задоцнуењето. Се попоглеале ангелите, немало што да праат, виделе-не виделе, зеле ја спасиле гемијата и ја исплинале близу до скелето. После го забрале свети Никола како што бил изводенен вир-вода, со испокинати алишта, со полетите запрегнати и со солупен грб од крепење кораби. Ете на таа пересиа тој излегол и паднал ничкум пред Господа, кај што биле собрани и сите даудџии-светци. Анѓелите искажале Господу се со ред како го барале цела ноќ свети Никола од црква в црква и одвај пред зора го нашле среде море под една искршена гемија, од кај што го забрале.

Од како искажале се анѓелите се завртел Господ консите светци и ништо не прогоорил. Ама од погледот негов сите разбрале оти им рекол: „Ојте и вие, прајте истото (као што прајт свети Никола), ако сакате да бидите честени од сите рисјани“. И се поклониле Господу светците, и си ошле секи на својот конак.

И наредил од тогај Господ на секој светец да му се празнуат празник по еднуш во годината, ана кутриот светец што се нашол да ја пишит поплаката, на четири години еднаш да му се празнуат празник. (Тоа е преподобен Касијан Римјанин, споменот му е на 29 февруари, с.с.)

Преподобен Касијан бил Римјанин по потекло, умрел 435 година. Тој е основоположник на монаштвото на запад,

Запишал јероѓакон Јосиф од кичевскиот манастир Пречиста.

Новини, Цариград, бр. 40, 1893 г.

Свeти Никола гради црква

Цркви гради стар свети Никола, градил ги е од злато и сребро,
оште малко не са доградени – не стигнало злато и па сребро,
па се чуди стар свети Никола, дел да најде злато и па сребро,
да догради цркви, монастири. Па си зема златна патерица,
па си шетна на горе на доле отиде си крај Белото море
там си виде таја мрена риба, дек играе по дно на морето,
криљето и злато позлатени а в устата бесцен камен носи,
та си свети по дно на морето. Удари се стар свети Николса
удари си с златна патерица, удари си това Бело море,
раздели си това Бело море, улезна си стар свети Никола,
па си фана таја мрена риба, риба му се милно помолила:
-Пушти мене, стар свети Никола, алал да е златото и сребро!
Проговарја стар свети Никола:- С’ сребро, злато цркви ќе дограда,
безцен камен у олтар ќе става, тебе рипке, курбан ќе те колам!

Свети Никола раздава морски песок за бериќет

Се пее на трпеза на Свети Никола заспал задремал свети Никола,
во стреде море на мермер плоча, малку ми поспал тој три години.
До три години сонце не огреа, до три години ветор не веа,
до три години дош не ми врна, да се не роди нишчо бериќет,
да ми станала тешка скопија. Туе помина Богородица,
да си разбуди свети Никола: -Стани ми стани, свети Никола.
Од сон ми стана и се поклони. - Да што ме дигаш, ти света мајко?
- Да е станала тешка гладија ти да си земеш кола с волови,
да си наполниш од море песок, от да си тргнеш по сета земја,
коде да минеш, се да си сееш. Тој пак си фпрегна кола с волови
оту си тргна по сета земја, сос мрва семе многу берикет.
КОде со рока, коде с два прста, по мрва фрлат, блаосовуват:
- Од мрза семе, многу берикет! Тој ми ишетал по сета земја,
коде со рока, коде с два прста,во пусто Скопје сос сета кола.

Испеана од Теофил Јанков од с. Тресонче, Дебарско.

Од зборникот на Атанас Илиев.

Заспал задремал Свети Никола

Заспал задремал свети Никола, меѓу два пота, меѓу два друма,
тује помина света Недала. Во рока носит стребрено котле,
а во котлето крст и босилек. Ми поштрка свети Никола
ми го поштрка и се разбуди. -Еј, брате, брате, свети Никола!
Зашчо си ми се тује успало? -Еј сестро, сестро, света Недело!
Мрва си легнав голем сон видов: беше израсло едино дрво,
едино дрво дрво дафино, а на дрвото ветки парови.
-Еј бреате, брате свети Никола! Ветки парови – божји анѓели,
широки лисје – божји рисјани.

Од Галичник од збирката на Риста Огњеновиќ - Љоноски.

Марко Китевски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.