Среда, 11 Април 2018    PDF Печати Е-пошта
НА 8 АПРИЛ 1993. МАКЕДОНИЈА Е ПРИМЕНА ВО ООН

makedonija-1993

Влезот на Македонија во ОН со користење на привремената референцата „the former Yugoslav Republic of Macedonia“ беше изгласана со само 30 гласа за, 28 против и 13 воздржани.

ВМРО-ДПМНЕ, повика на предвремени избори и го напушти парламентот, откако и беше изгласана доверба на владата со 62 пратеника.

По признавањето на Австралија под референцата, грчките и македонските етнички заедници во Австралија се судрија, каде што Грците палеа и уништуваа македонски имоти во Мелбурн. На што како одговор неколку Грчки православни цркви беа нападни во знак на одмазда.

Грција и Македонија конечно ги формализираа билатералните односи со Привремената спогодба, потпишана во Њујорк на 13 септември 1995 година. Со овој договор, Македонија се согласи да го смени своето знаме (ѕвездата од Кутлеш) и да го дополни Уставот во делот на преамбулата каде што се вели дека Македонија нема никакви територијални претензии кон ниту еден од нејзините соседи. Грчката страна се обрврза да не го попречува патот на Македонија кон зачленување во институциите како што се меѓународните монетарни институции, НАТО, ОБСЕ, ЕУ и слично. Барањето за зачленување може да биде со уставното име, но Грција го задржува правото на блокада на прием ако тој не е под времената референца. Во овој договор, Македонија и Грција се ословени како првата и втората страна, или по името на главните градови: Атина и Скопје.

Проблемот на користење привремено име „реферирање“ (за Македонија во системот на ОН настанува со донесувањето на резолуцијата бр. 817 (1993) на Советот за безбедност со која на Генералното собрание на ОН му се препорачува Македонија да ја прими во членство на ОН, но со деноминација „поранешна југословенска Република Македонија“ ФИРОМ) за употреба во системот на ОН, сѐ додека „разликата“ околу името меѓу Македонија и Грција не се разреши. Истовремено, во истата резолуција се бара од странките што побрзо да ја разрешат оваа „разлика“ во интерес на „одржување на мирољубиви и добрососедски односи во регионот“. Во однос на стандардната формулација на резолуциите со кои Советот за безбедност препорачува на Генералното собрание прием на некоја држава во членство на ОН (каде се констатира дека апликантот ги задоволува условите на став 1 од член 4 на Повелбата пропишана за прием, резолуцијата 817 (1993) на Советот содржи уште два услова за кандидатот (доколку не сака да ја повлече својата апликација: (1) да ја прифати привремената деноминација (референцата) за употреба во рамките на ОН, и (2) да преговара со Грција за своето име.

Ваквата формулација на резолуцијата 817 (1993) очигледно претставува обид на политички „компромис“ во кој грчкото противење на користењето на името „Република Македонија“ во ОН и воопшто, заради наводни „импликации на територијални претензии спрема Грција“ е земено предвид, додека протестот на македонската Влада кон ваквата формулација на резолуцијата е практично игнориран.

Во врска со ваквата постапка и формулација на резолуциите 817 (1993) на Советот за безбедност и 47 (225  - 1993) на Генералното собрание се поставуваат следните правни прашања :

а) Дали Советот за безбедност, при својата проценка за исполнетоста на условите за прием во членство на ОН од страна на државата - апликант, е правно овластен да вклучува услови за прием надвор од оние пропишани во членот 4, став 1 од Повелбата на ОН;

б) Дали постои правна врска меѓу името на една држава и територијалните права на таа или други држави, односно дали постои ексклузивно право на државно или локално - територијално име.

Иако овие прашања се меѓусебно поврзани, ние ќе ги анализираме одвоено за да ги истакнеме на јасен начин правните аргументи кои ги определуваат соодветните одговори.

Постапката за прием на некоја држава во членство на ОН е регулирана со член 4 од Повелбата во кој се утврдува (параграф 1) дека членството во ОН е отворено за секоја држава (1) која е мирољубива (2) , прифаќа да ги исполнува обврските содржани во Повелбата (3) и е способна (4) и има воља (5) да ги исполнува тие обврски, и дека (став 2) приемот во членство се врши преку одлука на Генералното собрание, а по препорака на Советот за безбедност. Во врска со разни условувања за прием на нови членки во ОН во текот на 1947 година Генералното Собрание се обраќа кон Меѓународниот суд на правдата (Резолуција 113 /2 - 1947) да даде советодавно мислење во врска со исцрпноста на условите наведени од (1) до (5) за прием во членство, односно дали држава - членка или орган на ОН, при своето гласање за прием на нова членка е „правно овластен“ својот глас да го стави во зависност од услови кои не се изрично предвидени во параграфот 1 од член 4. Во своето советодавно мислење судот дава негативен одговор на ова прашање. Генералното собрание, со својата резолуција (197/3- 1948) го прифаќа мислењето на судот и препорачува „на секој член на Генералното собрание и на Советот за безбедност при своето гласање за прием на нови членки да се придржува кон мислењето на судот”. Спрема мислењето на судот, условите од (1) - (5) во член 4 на Повелбата се:

1. Правни правила (бидејќи Повелбата е меѓународен договор, а членот 4 е правна норма кон која треба да се придржуваат членките);

2. Исцрпни (т.е. тие се потребните и доволни услови за прием; во спротивното нивниот број би бил неограничен и членот 4 би престанал да биде правна норма);

3. Со свршен карактер (бидејќи врз основа на нивната исполнетост се оценува подобноста на државата за прием);

4. Со изречен карактер (а не описни).

Со признавањето од страна на Советот за безбедност дека државата - апликант ги исполнува условите од ( 1 ) - ( 5 ) од членот 4 на Повелбата, таа, заради универзалноста на организацијата, стекнува неотуѓиво и безусловно право за прием во ОН.

Во случајот на приемот на Македонија во членство на ОН, и покрај изреченото признавање од страна на Советот за безбедност во резолуцијата 817 дека државата - апликант ги задоволува критериумите за прием од членот 4, врз основа на што приемот и се препорачува, во текстот на резолуцијата се вклучуваат и дополнителни одредби за употребата на привремено име (реферирање) за РМ во ОН и преговори со Грција за државното име, без кои резолуцијата не можеше да се усвои. Дека овие одредби претставуваат нови услови во однос на пропишаните во член 4 за прием во ОН следи од следните факти:

1. Тие и текстуално и содржински се наоѓаат надвор од групата услови од (1) - (5) содржани во членот 4 на Повелбата и потребни за прием;

2. Тие се барања наметнати на апликантот без чие прифаќање неговото право на прием стекнато со признаеното исполнување на условите од член 4, не може да се оствари;

3. Тие се поставуваат со актот на приемот и траат после него, што укажува на нивната неправна природа (бидејки институцијата на условен прием во ОН не постои).

Бидејќи од гореспоменатото советодавно судско мислење и резолуцијата 197/3 1948, Генералното собрание дава интерпретација на членот 4 на Повелбата, според кое условите за прием во членство содржани во тој член се исцрпни, изречни и имаат свршен карактер, произлегува дека дополнителните услови поставени за приемот на Македонија во членство на ОН немаат правна основа. На тој начин, со поставувањето на дополнителните услови за приемот на Македонија во ОН е прекршен став 1 од член 4 на Повелбата.

Од фактот дека при приемот во членство на ОН, на Македонија ѝ се поставени незаконити, без правна основа, дополнителни услови за прием, следи дека Македонија неоправдано е доведена во неравноправна положба во однос на другите држави како во постапката за прием, така и после приемот. На тој начин во однос на Македонија е повреден принципот на „суверена еднаквост” на државите, содржан во став 1 од член 2 на Повелбата. Бидејќи правниот идентитет на државата е неодвоив дел на нејзината правна личност, следи дека правото на поседување на име е инхерентно право на државата (кое таа го стекнува при своето создавање). Од принципот на суверена еднаквост на државите (член 2, став 1 на Повелбата) и принципот на неповредивоста на правната личност на државата, содржан во „Декларацијата за принципите на меѓународното право кои се однесуваат на пријателските односи и соработка меѓу државите, согласно со Повелбата на ОН”, произлегува дека државата има неотуѓиво право на самостоен независен избор на своето име. Според тоа, изборот на името на државата влегува во нејзината строго внатрешна јурисдикција. Со вклучување на дополнителни услови во резолуциите на Советот за безбедност и Генералното собрание за прием на Македонија во членство на ОН, сврзани со името на Македонија, се повредува ставот 7 од член 2 на Повелбата, се кој се заштитува внатрешната јурисдикција на државата и од самите Обединети нации .

Од принципот на суверена еднаквост на државите (член 2, став 1 на Повелбата) следи и принципот на раздвоеноста на внатрешната и надворешната јурисдикција. Од овој принцип произлегува дека одлуките врзани за предмети од внатрешната јурисдикција (како што се државно или локално име) не можат да влијаат врз територијалните права на државата, односно не креираат какви било обврски во меѓународното право. Во спротивното, избор на името би можел да биде инструмент за недозволиво мешање во суверените и неотуѓиви права на другите држави (т.е. да наметнува обврски од меѓународното право, вклучувајќи ги и територијалните). Ова е спротивно на став 7 од член 2 на Повелбата.

Слична аргументација може да се изнесе и во поглед на ексклузивноста на користењето на државно, односно локално име. Од суверената еднаквост на државите и по причина што правниот идентитет на државата претставува неодвоив дел на нејзината правна личност (односно од неотуѓивото право да државата сама го одредува тој идентитет), следи дека државите имаат еднаква правна слобода при изборот на своето име. Оваа слобода не е ограничена (види Хенкин и др. ) со диспозитивни норми на меѓународното право и практика. Одовде следи дека државите немаат ексклузивни права над имињата. Овој заклучок важи и за изборот и користењето на локалните имиња.

Од гореизнесеното произлегува дека ниту грчкиот став за наводните македонски територијални претензии кон Грција (кое името Македонија наводно го имплицира), ниту тврдењето дека Грција има исклучиво право на користење на името „Македонија”, немаат заснованост во меѓународното право.

Судската одлука од 1948, беше усвојена од Генералното собрание на ООН со Рез.197/III, како толкување на членот 4 од Повелбата на ООН. Со таа резолуција на Генералното собрание на ООН потоа биле промени шест држави во ООН који претходно биле блокиране со сила на ВЕТО во Советот за Безбедност на ООН.

Со оваа рез. е потврдено дека СБ нема бесконечна моќ и дека  Генералното собрание на ООН има примарна надлежност за овие прашања. Рез. на ООН мора да бидат во согласност со Повелбата и другите правни извори од ius cogens нормите до судските мислења и одлуки. Во Повелбата се детално наведени правните извори.

Во врска со кршењето на горенаведените членови на Повелбата од страна на органите на ОН, Македонија има право да бара рамноправен статус во ОН со другите членки на ОН, врз основа на став 1 од член 2. ОН се должни да ѝ обезбедат на Македонија рамноправен статус. За разрешувањето на прашањето на името на РМ во ОН, во рамките на односите на Македонија со ОН, можно е, зборувајќи генерално, да се следат два основни модалитети на дејствување: политички и правен.

Политичкиот правец на акции е насочен спрема политичките органи на ОН и може да ги вклучува сите релевантни акции во Генералното собрание на ОН.

Правниот правец на дејствување може да го инволвира Меѓународниот суд на правдата - МСП.

Политичкиот правец на дејствување вклучува барања до Генералното собрание на ОН за почитување на резолицијата на Генералното собрание 197/3 од 1948 година, односно советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата од истата година, во врска со постапката за прием на членки во ОН, односно поставување на дополнителни услови при приемот надвор од пропишаните услови во Повелбата.

ВИДИ ТЕЛКСТОТ НА РЕЗОЛУЦИЈА 47/225 СО КОЈА СЕ ПРИМАМЕ ВО ООН:

http://www.un.org/documents/ga/res/47/a47r225.htm

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.