Понеделник, 16 Април 2018    PDF Печати Е-пошта
Панихида за сите загинати и починати кои се бореле за Македонија од Гостивар и гостиварско

a 22

Панихида за сите загинати и починати кои се бореле за Македонија од Гостивар и гостиварско

Во гостиварскиот храм „Успение на пресвета Богородица“, денеска во присуство на голем број граѓани беше одржана Панихида за сите знајни и незнајни борци,патриоти од Гостивар, кои животите ги дадоа за слободна, независна и суверена Република Македонија.

Гостиварчани се помолија за душите на загинатите и починатите македонски патриоти. Со панихидата чиноначалствуваше прота -ставрофор Боге Богоески, надлежен архиереј на гостиварското архиерејско намесништво на Тетовско-гостиварската епархија.

Панихидава ја посветуваме во чест на сите знајни и незнајни борци и херои од Илинденското востание, на комитите и војводите, на партизаните и борците учесници во НОБ, на борците од воениот конфликт од 2001 и 2015 година, ветераните и за сите кои се бореле со оружје и со перо за самостојна Македонија, истакна Виде Димитриески, од Иницијативниот одбор за организирање на Панихидата и додаде:

Се потсетуваме на сите великани и ветуваме дека нивниот аманет, заклетва и борба е и наш аманет, наша борба и обврска дека ќе продолжиме да ја чуваме, да се бориме и да ја одбраниме Република Македонија, им ветуваме дека ќе ја градиме и развиваме и воедно оставаме аманет на идните генерации да го продолжат вашиот и нашиот пат.

Димитриески во името на присутните на загинатите и починатите македонски патриоти им вети дека никогаш нема да ги заборават; Вие сте во нашите мисли и животи, ќе ве запишеме во историјата на нашиот град и на Република Македонија.

Вечна Ви слава илинденци, партизани, херои, патриоти, бранители , ветерани, велкикани наши.

АМИН!

1

4

a 1

a 3

a 4

a 5

a 6

a 8

a 9

a 17

a 20

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.